„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето
„Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на тоа колку вашите гради ќе бидат лесно достапни“.
Доењето е исцрпувачки, но емотивен и незаменлив период, како за мајката, така и за детето.
Но, додека трае привикнувањето и целиот тој процес, мајките најчесто се уморни, исцрпени и без енергија, со цел да му го овозможат најдоброто на нивното малечко.
Шегите на сметка на доењето веруваме дека ќе измамат насмевка на вашето лице:
Не плачете ако ви се истури млекото. Освен ако е мајчино млеко. Тогаш плачете многу!
Како спиеше? Одлично, поспав дури 40 минути!
Мислев дека доењето ќе ми заштеди пари. Сфатив дека ова не е точно кога почнував да купувам онлајн додека го дојам бебето…
Моментот кога ќе се разбудите среде ноќ за да го доите бебето, па ќе го погледнете сопругот кој безгрижно спие со неговите бескорисни брадавици.
Доење – период кога имате оправдување за внесувањето дополнителни калории од слатки задоволства.
Бидете љубезни, не знаете мајката колку пати станала изминатата ноќ!
Кога луѓето велат дека доењето е бесплатно, сакам да ги удрам многу силно. Бесплатно е само ако времето на жената не вреди ништо!
Знаете дека сте мајка која дои кога одлучувате што да облечете врз основа на тоа колку вашите гради ќе бидат лесно достапни.
Јас и мојот сопруг го делиме товарот. Јас дојам, зашто тој не може, а тој спие зашто јас не можам.
Да се дои значи бебето да биде будно цела ноќ, цицајќи, а вие сте оние кои завршуваат мамурни наредниот ден.
Има три причини зошто да доите: млекото секогаш е на вистинска температура, доаѓа во примамлива амбалажа и мачето не може да го достигне.
М. Ѓ. | Црнобело
Фото: freepik.com / depositphotos.com