„Почесто бирај да те боли увото, отколку главата“ и уште 14 мудри поуки

„Не е важно колку си убава, туку кому си му убава“. „Додека ти го гледаш туѓиот двор, некој мечтае за куќа во твојот“.

pochesto-biraj-da-te-boli-uvoto-otkolku-glavata-i-ushte-14-mudri-pouki-01.jpg

Ѓура Кељ е српски писател познат под псевдонимот „Imfckingstarboy“, кој има напишано неколку книги.

На Инстаграм, каде има повеќе од 169.000 следбеници, постојано пишува за животот, за љубовта, за значењето на малите работи.

Дел од едноставните, но мудри поуки на неговиот профил:

Не се тешки времињата, туку луѓето станаа слаби.

Некогаш неважното е најважно.

Со секој може да се спие, со ретките може да се сонува.

Кој сака – цвета и на бетон, кој не сака – не цвета ниту во земја.

Додека ти го гледаш туѓиот двор, некој мечтае за куќа во твојот.

Залудно се рацете силни, ако не се сигурни.

Ако ти се руши светот, купи си цвет.

Додека чекаш сè да дојде во свое време, ќе помине твоето време.

pochesto-biraj-da-te-boli-uvoto-otkolku-glavata-i-ushte-14-mudri-pouki-02.jpg

Не е важно колку си убава, туку кому си му убава.

Чувај си го желудникот од луѓе кои не можеш да ги „свариш“.

Ако се даваш себеси на сите, тогаш ништо нема да ти остане за самиот/та себе.

Чувај се од луѓе на кои лицето им е поубаво од срцето.

Луѓето не ги напушташ, туку ги надраснуваш.

Оној што не го усреќува кафе, нема да го усреќи ниту најскап шампањ.

Почесто бирај да те боли увото, отколку главата.

С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg