Најемотивните стихови од песните на ДНК: „Небо мое, кажи што да направам, небо мое каде да се помолам“
Од првата „Девојка за везден“, па сè до најновата „Фала“, Андреј и Панчо од ДНК испеаја песни што ги сакаме и секогаш ќе се слушаат. Ова се некои од најемотивните стихови во нивните хитови...
Од 2001 година, кога ја снимија својата прва песна како ДНК, „Девојка за везден“, Андреја Ѓеорѓиески и Владимир Блажев ја освоија публиката од целата земја.
Песните се нижеа една по една, а Андреј и Панчо, од „момчиња од соседството“ за кратко време станаа едни од омилените музичари кај нас.
Секогаш ведри и насмеани, во овие 24 години, колку што твореа заедно, тие испеаја хитови со кои пораснаа неколку генерации.
Песните кои на почетокот ги слушаа тинејџерките, денес ги слушаат и нивните деца.
Снимија два албума, но и многу синглови. Низ годините ги менуваа музичките правци и стиловите, но во секој од нив го дадоа својот печат.
Токму тоа и беше причината што на нивниот јубилеен концерт, по повод 20 години кариера, арената Борис Трајковски беше преполна.
Песната „Фала“ ќе остане запишана како последна што Андреј и Панчо ја испеаја заедно.
Андреј веќе го нема, а Македонија остана посиромашна за еден прекрасен човек, голем другар и хуманитарец, но и одличен музичар, додека за Панчо, сите се молиме да издржи и закрепне.
Во чест на ДНК, споделуваме некои од најемотивните стихови од нивните песни:
„Фала“
Најтешки се машки солзи, од бол што течат сами
Ко силни, брзи реки, длабоки океани
Пробав јас, пробав сè, едно да бидеме
А сега солзиве, кој ли да ги избрише.
„Ако утре ме нема“
Ако утре ме нема, еј
Немој да ме жалите
Дигни глава нагоре
Испиј чаша за мене
Ако утре ме нема, не
Ако утре ме нема, еј
Немој да ме жалите
Викни ги другарите, стари песни свирете
И нека свират трубите
Ако утре ме нема.
„Север и југ“
Зошто е темно без тебе, кажи зошто е
Помислувам на сѐ што имавме, а не сочувавме
Се прашувам и барам одговор, а не знам каде е
Велат време лечи сѐ, но не е така тебе не.
„Животе брате“
Небо мое, кажи што да направам,
Небо мое, каде да се помолам...
Животе брате, брате дај насмевни се,
Животе брате, брате дај смилувај се,
Животе брате, брате да запееме,
Еднаш живееме.
„Најмила“
Најмила, без тебе денот не започнувa
Најмила, мое сонце, ѕвезда и месечина
Најмила, за мене ти си незаменлива
Една и единствена.
„Посреќна“
И рајот ми е пекол ако каже некој
Дека посреќна без мене си
Посреќна без мене си
Излажи го ти секој, само мене немој
Дека посреќна без мене си
Излажи се за момент ти.
„Најмила“
Ме научи да сакам, да сум среќен кога губам
Да простувам но и безусловно да љубам.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





