Љубовни цитати и пораки што можете да ѝ ги пратите на саканата личност за Валентајн
„Ако знам што е љубов, тоа е благодарение на тебе“ – Херман Хесе.
Ако планирате да го изненадите партнерот со некаков подарок за Денот на вљубените, картичката секако дека е задолжителна.
Доколу немате идеја што да напишете освен „те сакам“, можеби ќе ви се допадне нешто од нашите прелдози.
Љубовни цитати што можете да ѝ ги пратите на саканата личност за Валентајн:
„Вистинските љубовни приказни никогаш немаат крај“ – Ричард Бах.
„Ако знам што е љубов, тоа е благодарение на тебе“ – Херман Хесе.
„Во светот можеби си само една личност, но за некого ти си целиот свет“ – Габриел Гарсија Маркез.
„Те избрав тебе. И пак би те избрал без двоумење, без страв. Во секој живот, во секој свет, во секоја верзија од мене – секогаш ќе те бирам тебе“ – непознат автор.
„Стареј со мене, најдоброто допрва доаѓа“ – Роберт Браунинг.
„Животот без љубов е како година без лето“ – шведска поговорка.
„Сакам да остарам со тебе, да броиме брчки наместо денови, да броиме спомени наместо години“ – непознат автор.
„Не те сакам само заради тоа што си, туку заради тоа што сум јас кога сум со тебе“ – Елизабет Барет Браунинг.
„Во морето од луѓе, моите очи секогаш ќе те бараат само тебе“ – непознат автор.
„Ти си секоја причина, секоја надеж и секој сон што некогаш сум го имал“ – Николас Спаркс.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





