Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот

Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика имала бројни обожаватели - кога првпат била изложена во јавност, мажите ѝ носеле цвеќе, па дури и ѝ пишувале љубовни писма.

mona-liza-01.jpg

Сликата на Мона Лиза, изработена во 16 век стана најпознатото дело на Леонардо да Винчи.

Мистериозната насмевка ја направи Мона Лиза една од најпознатите жени во светот, а со тоа оваа слика е меѓу најпознатите в историјата на уметноста.

Она што можеби ќе ве изненади е тоа колку е всушност мала сликата - нејзините димензии изнесуваат 76,9х53 сантиметри.

Мона Лиза има своја соба во Лувр каде постојано се мери температурата за таа постојано да биде во идеални услови.

mona-liza-03.jpg

Портретот, односно сликата е зад стакло отпорно на куршуми за да се спречи каква било штета и обиди за кражба. Сепак постојат неколку тајни во врска со сликата на Леонардо да Винчи.

Дали знаевте дека всушност името на жената од сликата не е Мона Лиза?

Имено вистинското име на жената е Лиза дел Џокондо. Да Винчи го насликал портретот на барање на богатиот сопруг на жената, Франческо дел Џокондо - на француски, сликата е позната и како Џоконда, односно La Joconde.

Она што е интересно, а малкумина го знаат е дека всушност и Наполеон бил заљубен во сликата Мона Лиза.

Според некои записи, Наполеон со часови гледал во сликата, восхитувајќи се на убавината на Мона Лиза.

Но и многу други мажи биле хипнотизирани од убавината на Мона Лиза. Кога портретот првпат бил изложен во јавноста во 1815 година, мажите започнале да носат цвеќе на сликата и пишувале песни и љубовни писма.

Мона Лиза има дури и своја имејл адреса, во која се чуваат многуте љубовни писма што ги добива и денес.

mona-liza-02.jpg

Мона Лиза беше украдена од Лувр во 1911 година, а меѓу главните осомничени бил никој друг, туку друг познат уметник - Пабло Пикасо.

Пабло Пикасо бил приведен на сослушување бидејќи веќе имал полициско досие за купување дела украдени од Лувр. Но, вистинскиот крадец бил фатен дури во 1913 година.

Сликата била украдена од страна на Винченцо Перуџа кој бил вработен во Лувр. Според него, Мона Лиза припаѓала на татковината на да Винчи, Италија, а не Франција.

Кога и да ја погледнете Мона Лиза ќе забележите дека таа се смее од секој агол.

Многумина веруваат дека се менува насмевката, но всушност се менува човечкиот ум.

mona-liza-04.jpg

Во 2000 година, невролошкиот научник д-р Маргарет Ливингстон објасни зошто изгледа дека насмевката на Мона Лиза се менува.

Одговорот лежи во аголот од кој гледате на сликата и како вашиот мозок го перципира она што го гледа.

В. К. | Црнобело / фото: pexels.com

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Спасил над 1.000 Евреи, умрел во сиромаштија: Вистинската приказна за Оскар Шиндлер (и неговата лист... Користејќи ги своето влијание и своето богатство, Оскар Шиндлер спасил над 1.000...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg