Факти за Бил Скарсгард, „кралот“ на хорор филмовите: Имал кошмари од улога, живее како номад
Улогата во It го направи светски познат, но вели дека имал кошмари од морничавиот кловн што го глуми. Татко му и неговите браќа исто така се актери, со улоги во проекти како Vikings, Thor и Dune.
Полека, но сигурно, шведскиот актер Бил Скарсгард (34) станува една од најголемите холивудски ѕвезди.
Иако е активен повеќе од 20 години, стана препознатлив за јавноста по улогата во It каде што го глуми морничавиот кловн Пенивајз.
Оттогаш, улогите во хорор филмови му станаа заштитен знак, па и сега е актуелен со филм од ист жанр – Nosferatu.
И покрај популарноста, актерот пробува да се држи настрана од јавност, но повремено знае да открие некој детаљ за себе.
Факти за Бил Скарсгард, „кралот“ на хорор филмовите:
Потекнува од огромно семејство актери
Актерските династии не се ништо ново во Холивуд, а Бил потекнува од една од поголемите.
Првиот од семејството кој почнал да се занимава со глума е Стелан Скарсгард кој се има појавено во филмови како Thor и Dune, но и популарната мини-серија Chernobyl.
Потоа, и неговите синови почнаа да се пробиваат во Холивуд.
Александер Скарсгард се прослави со серијата True Blood, а глумеше и во филмот The Northman.
Густав Скарсгард, пак, е најпрепознатлив п улогата во Vikings, а се има појавено и во серијата Westworld.
Бил Скарсгард е најмалиот син од семејството и почна да глуми во 2000-та, а моментално може да се пофали со најимпресивно актерско портфолио.
Сака да се дистанцира од хорор филмови
Благодарение на впечатливиот изглед, Бил е чест избор за улоги во хорор филмови.
Сепак, има изјавено дека би сакал и малку да се дистанцира од жанрот.
„Сакам да снимам и други филмови… Мислам дека не сум толку морничав, туку само глумам така“.
Живее како номад
Актерот нема постојан дом и тоа не само поради работата, туку и бидејќи смета дека така му е подобро.
Самиот има изјавено дека некогаш се чувствува и како бездомник.
Вели, повеќе од една деценија постојано се сели и единственото нешто што е постојано е неговиот куфер.
„Немам купено мебел, немам ни автомобил.
Кога одам во Лос Анџелес, изнајмувам куќа од Airbnb. Не ми се допаѓа градот за да престојувам долго во него.
Седам по месец-два и потоа морам да отидам на друго место“.