Факти за Бил Скарсгард, „кралот“ на хорор филмовите: Имал кошмари од улога, живее како номад
Имал кошмари поради улогата во It
Во првото и второто продолжение на It, кои се снимени според истоимената книга на Стивен Кинг, Бил го глуми злобниот кловн.
И, доколку ви се гледани филмовите, и самите знаете дека станува збор за мошне морничав лик.
Актерот заврши одлична работа со улогата, но вели дека ликот му предизвикал и кошмари.
„Бев дома, откако завршив со снимањето, и почнав да имам чудни соништа со кловнот. Секоја ноќ ме посетуваше“.
Во друго интервју, тој откри дека оваа улога била најголем предизвик за него.
„Ме истроши и физички, и ментално“.
Не сакал да стане актер
Додека бил дете, Бил воопшто не бил заинтересиран за кариера во филмската индустрија.
Иако почнал да глуми на 9-годишна возраст, професијата не го привлекувала.
И татко му Стелан има изјавено дека не покажувал никакви амбиции да стане актер.
Првично размислувал да ги следи стапките на мајка му, која е докторка, а и сметал дека во филмската индустрија нема потреба од уште еден актер од неговото семејство.
„Мислев дека луѓето ќе си речат ’Ах, еве уште еден Скарсгард, пораснат со привилегии, секако дека и тој е актер‘“.
Не сака да открива детали за себе
Бил Скарсгард не користи ниту една социјална мрежа и вели дека не планира да го промени тоа.
Најпрво, вели дека не сака да се изложува на многуте негативни и злобни коментари кои станаа норма на социјалните мрежи.
Истовремено, истакнува дека не сака внимание, без разлика на неговата професија.
„Има многу актери кои ја кријат својата приватност. Секако, на собири со пријатели и колеги сакам внимание, јас сум гласна и отворена личност.
Но, не знам како би се претставил пред многу поголема публика. Па, подобро да се држам настрана од јавност“.
Спирова С. | Црнобело