Даниел ги истетовира стиховите на ДНК „Ако утре ме нема еј...“ и годината на раѓање на Андреј на клиент: „Ова е почит за навек“
- Детали
- вторник, 25 март 2025
Наш тату артист истетовира „Ако утре ме нема еј...“ и ја додаде годината на раѓање на Андреј: „Хероите имаат само датум на раѓање 1982 до вечноста“. „Тетоважата ја направив на мој клиент, кој имаше силна поврзаност со Андреј“, вели Даниел Радосављевиќ за CRNOBELO.com.
Даниел Радосављевиќ e тату артист од студиото „Ноториоус Инк Тату“, кое се наоѓа во центарот на градот карши Дајмонд мол и работи скоро 6 години.
Тетоважата е направена на Филип Новаковиќ, редовен клиент во ова тату студио, но и фан на ДНК.
Нацртана е пред 4 дена.
Тој ги истетовира стиховите „Ако утре ме нема еј...“ под кои пишува „хероите имаат само датум на раѓање 1982 до вечноста“.
Даниел за CRNOBELO.com вели:
„Тетоважата ја направив пред 4 дена на Филип Новаковиќ, наш редовен клиент кој имаше силна поврзаност со Андреј, преку неговата музика и живот.
Ова за него не беше само тетоважа, туку начин да му оддаде почит на човек кој почина херојски и остави неизбришлива трага.
Атмосферата во студиото беше тивка, исполнета со почит, знаејќи дека оваа тетоважа ќе остане засекогаш како потсетник на Андреј.
Тетоважата е повеќе од цртеж – таа е приказна, спомен, доказ дека некој засекогаш останува со нас.
Ако некогаш се двоумите дали да направите ваква тетоважа, знајте дека е тоа начин да носите дел од таа личност со себе, засекогаш“.
Kликнете на видеото:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





