Стомачен танц, „заразен“ ритам и стихови – Новата песна на ДНК, Бока Конга и Мишел Трајковски ќе ве освои на прва
- Детали
- четврток, 24 октомври 2024
„Ма нека збори цела чаршија...“ Ова се стиховите што сигурно ќе ги слушаме и ќе ги пееме на глас во месеците што доаѓаат. ДНК го здружија силите со Бока Конга и Мишел Трајковски и објавија нова песна со нов провокативен спот.
Нашето музичко дуо ДНК, продолжува со плодната музичка кариера. Денес го објавија новиот хит „Чаршија“ и видео записот снимен за неа.
Песната е направена во соработка со Бока Конга и Мишел Трајковски.
Видео спотот веднаш ќе ви го привлече вниманието, заради присуството на моделите Драгана Спасовска, Вера Мештеровиќ и Фросина Блажеска, а стомачниот танц на Мерима Саитова не може да помине незабележано.
Видео спотот е снимени низ локации на старата скопска чаршија и целата песна го доловува целосно нејзиниот дух и звуци.
За потсетување, кон крајот на минатата година ДНК го објави дуетот со Раде Врчаковски – Врчак, насловен „Посреќна“, а во текот на годинава ја објавија песната „Животе брате“, по што следуваше и дуетот со Теа Трајковска, насловен „Амајлија“.
Погледнете го видео спотот во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело