„Животе брате, дај смилувај се“: ДНК ја посветија новата песна на двајца прерано починати пријатели (видео)

Со емотивните стихови „Небо мое, каде да се помолам, немам никој на кого да се обратам. Животе кажи ми да знам, зошто морам сам нови врати јас да отворам“, ДНК им оддадоа почит на починатиот бодибилдер Мирко Петровски и Марјан Михајловски - Маци, еден од предводниците на навивачката група на МЗТ Скопје.

zhivote-brate-daj-smiluvaj-se-dnk-novata-pesna-ja-posvetija-na-prerano-pochinati-prijateli-video-01.jpg

Панчо и Андреј, познати како дуото „ДНК“, вчера (20.05) го промовираа спотот за својата нова песна „Животе брате“.

Оваа песна тие ја посветија на своите двајца пријатели кои починаа во 2024-та: бодибилдерот и фитнес тренер, Мирко Петровски, кој ненадејно почина на 47 години, и Марјан Михајловски - Маци, еден од предводниците на навивачката група на МЗТ Скопје, кој имаше 52 години.

zhivote-brate-daj-smiluvaj-se-dnk-novata-pesna-ja-posvetija-na-prerano-pochinati-prijateli-video-11.jpg

Песната е авторско дело на Панчо, кој со двајцата мажи се дружеше и соработуваше долги години.

Оттаму емотивните стихови: „Небо мое, каде да се помолам, немам никој на кого да се обратам, дај ми совет на нозе пак да застанам. Животе кажи ми да знам, зошто морам сам нови врати јас да отворам“.

zhivote-brate-daj-smiluvaj-se-dnk-novata-pesna-ja-posvetija-na-prerano-pochinati-prijateli-video-09.jpg

zhivote-brate-daj-smiluvaj-se-dnk-novata-pesna-ja-posvetija-na-prerano-pochinati-prijateli-video-08.jpg

Во песната гостуваат и легендата на народната музика Наум Петрески и кралот на трубата Џамбо Агушев, со својот оркестар.

Песната од прво слушање буди многу емоции, а спотот за неполн ден има скоро 16.000 прегледи.

zhivote-brate-daj-smiluvaj-se-dnk-novata-pesna-ja-posvetija-na-prerano-pochinati-prijateli-video-04.jpg

zhivote-brate-daj-smiluvaj-se-dnk-novata-pesna-ja-posvetija-na-prerano-pochinati-prijateli-video-06.jpg

Се споделува и на социјалните мрежи со коментар дека ДНК, заедно со Лазар Цветкоски, кој е автор на музиката, направиле вистинско музичко ремек дело.

zhivote-brate-daj-smiluvaj-se-dnk-novata-pesna-ja-posvetija-na-prerano-pochinati-prijateli-video-03.jpg

zhivote-brate-daj-smiluvaj-se-dnk-novata-pesna-ja-posvetija-na-prerano-pochinati-prijateli-video-07.jpg

Слушнете ја „Животе брате“:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

ДНК и Теа Трајковска имаат иста „Амајлија: Слушнете ја нивната нова песна (видео) Сѐ уште не стивнуваат реакциите за дует-песната "Животе Брате" на ДНК, која ја п...
„Скопје радост ти ќе бидеш“ - 11 песни посветени на главниот град кои секогаш ни будат среќни чувств... Знаете ли што им е заедничко на Нина Спирова, Тони Зен и Благица Павловска? Сите...
Сара Мејс во свежо, уникатно и впечатливо издание за новиот видео запис за песната „Очи Вселена“ Ултра модерен звук со диско ритам, заразна мелодија која тешко ќе ви излезе од г...
Спотот на Ламбе Алабаковски за преработката на „Дејгиди луди млади години“ Ламбе Алабаковски оваа успешна музичка година ја заокружува со својата верз...
Нов сингл и видео: „Ван Гог“ ја претстави песната „Луд и сам“ Ѓуле: „И не ми е жал што летаат годините, кога сѐ уште истата глад за живот...
„Кај што чука срцево, се вее знаме жолто црвено“ – Нова моќна песна на Лозано Новата песна на Лозано буди емоции кај македонските патриоти, а стиховите уште в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg