„Кај што чука срцево, се вее знаме жолто црвено“ – Нова моќна песна на Лозано
Новата песна на Лозано буди емоции кај македонските патриоти, а стиховите уште веднаш ќе ви останат во глава и ќе си ги пеете со денови.
Влатко Лозаноски Лозано денес (01.10.2024) ја објави својата нова песна „Жолто црвено“, за која има и видео-запис.
Како главен симбол во песната и видеото се појавува зумбулот, цвет кој ја наговестува есента, ја храни душата, симболизира љубов и е метафора за убавина и надеж, како што напиша самиот Лозано во најавата за нумерата.
Но, во текстот ќе се пронајдат сите кои си ја сакаат татковината и стиховите ќе допрат длабоко до секој Македонец.
„Оваа туѓина на мир не ме остава,
во душа само празнина ми отвара,
а таму кај што чука срцево
се вее знаме жолто црвено“ – гласат дел од моќните стихови на песната.
Текстот е на Магдалена Цветковска – Ена, а аранжманот на Лазар Цветковски.
Погледнете го видео-записот за новата песна на Лозано:
М. М. | Црнобело