Антониа Гиговска со нов имиџ порачува: „Право машко знае како треба“
Пејачката ја изненади јавноста со кратката руса коса, па испрати порака дека „право машко знае како треба да се сака една жена“. Погледнете го нејзиното најново видео.
Антониа Гиговска, пред неколку месеци се врати на музичка сцена кај нас и се чини дека не запира.
Откако во бременоста и кратко по раѓањето на синот Киан направи пауза, таа последниве месеци секој викенд има настапи во клубови и локали низ земјава, пее на хуманитарни настани, но истовремено снима и спотови и подготвува нова музика.
Па така, Антониа во моментов се подготвува за својот настап на „Макфест“, фестивалот каде што победи со песната „Никогаш не вели никогаш“ во 2018 година.
Таа во сабота (27.10) ќе ја испее песната „Жена“, а ја најави со интригантен тизер на Инстаграм.
Во видеото Антониа има нов имиџ и кратка руса коса, која ѝ стои одлично, а нејзината порака е: „Право машко знае како треба да се сака една жена“.
Погледнете го тизерот за „Жена“:
А. Ј. | Црнобело