„ЗОРА” - ново парче модерна македонска музка од ДААН во соработка со К.Ј од дуото Како Браќа

Во саботата на 21ви Септември ДААН го промовираше својот најнов сингл со наслов „ЗОРА” која е во дует со Кире Јакимов од дуото Како Браќа.

zora-novo-parche-moderna-makedonska-muzka-od-daan-vo-sorabotka-so-k-j-od-duoto-kako-brakja-01.jpg

За разлика од неговиот претходен сингл со наслов „Судена” која беше во модерен диско ритам сега ДААН се одлучи на нешто поразлично и оваа нова песна е во меланхоличен R&B и HipHop стил со модерен ритам и доста различни елементи во самата песна.

За овој синг објавено е и Лирики видео кое го има изработено самоиот Дарко и можете да го погледнете во продолжение:

Како што вели ДААН песната е инспирирана од најновите музички трендови каде доминира доста модерен ритам и комбинација од традиционални инструменти како пијаното во комбинација со електронски и модерни звуци.

Дополнителната енергија и Хип Хоп примесот е дело на Кире Јакимов кој беше задолжен за пишување на текстот и изведба на рап делот во песната.

Музиката на песната е дело на Дарко Андонов додека на текстот и аранжманот работеа заедно со Кире Јакимов, кој исто така е заслужен за финалниот звук односно за миксингот и мастерингот на ова музичко дело.

Инспирацијата за текстот на песната како што вели ДААН ја има црпено од осаменоста со која се соочуваат многу луѓе кои по долга врска остануваат без саканата личност.

„Голем дел од нас бар еднаш во животот се имаат соочено со разделба или губење на одредена личност која имала голема улога во нашето секојдневие што остава огромна празнина, меѓутоа со тек на време таа празнината се пополнува со многу други убави моменти со драги луѓе, а всушност и во природата на луѓето е после секој тежок момент да се издигнеме уште посилни”, вели Дарко.

Интересно за оваа песната е тоа што е  снимена на две локации во студиото на Дарко DAAN MUSIC PRODUCTION кое е лоцирано во Скопје и во студиото на Кире Јакимов кое е лоцирано во Англија.

„Веќе долг период Кире живее во Англија и едноставно сме приморани да соработуваме на дистанца што е дополнителен предизвик да бидам искрен бидејќи за секоја ситница се губи многу повеќе време отколку да сме во студио заедно, меѓутоа некако се снаоѓаме и константно се трудиме да ја зголемиме продуктивноста, што искрено е најголем проблем, преку користење на разни алатки и адаптација” ни образложува Дарко

ДААН во однос на неговите идни планови ни најавува дека работи на неколку соло проекти кои во брзо време ќе бидат издадени, како и нови соработки со артисти од Македонија така што со нетрпение ќе очекуваме нова Македонска музика.

Би можело да ве интересира:

Дани со нов сингл - Ќе ме сакаш ли? 24.1.2024, Скопје - По “Има љубов во нас”, проследуваме втор сингл од најновиот ...
Антониа Гиговска со нов имиџ порачува: „Право машко знае како треба“ Пејачката ја изненади јавноста со кратката руса коса, па испрати порака дека „пр...
Шлолските другри се споија и направија музичка уметност: Слаткар и Некст Тајм ја објавија „Океани” (... Се познаваат повеќе од 30 години, ги делеле школските клупи, заедно пораснаа на ...
Ивона Јо: „Несебично ви ја подарувам 'Себично' - Нека стигне до секоја душа што пати и боли“ Ивона Јо имаше маестрална изведба на овогодинешниот Макфест, каде што се претста...
Дарко Андонов ДААН со нова динамична песна во модерен диско ритам Дарко Андонов а.к.а ДААН во вторникот на 30ти Јули го промовираше својот на...
Слаткар и Тони Зен со нов хит: „Наша 10-та заедничка песна, да ни се множат“ „Милион лета“ е новата песна на Слаткар и Тони Зен која воедно е и нивна 10-та с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg