„За сите драги луѓе кои веќе не се со нас“ - Тамара и Стефан Лазаров ја промовираа песната „Патишта“
„Имам чувство дека добро ќе се исплачам... Браво и едвај чекам да ја слушнам“ - е еден од коментарите за песната, напишани уште пред нејзината промоција.
Денес на Јутјуб каналот на Стефан Лазаров е промовирана песната „Патишта“, која јутјуберот и инфлуенсер најави дека ќе ја направи веднаш по смртта на неговиот пријател и соработник Зоки Фаци, кој почина по долга борба со ракот.
На изненадување на многумина, станува збор за дуетска песна меѓу Лазаров и Тамара Тодевска.
„Песна посветена на драги луѓе кои веќе не се со нас, но и на сите луѓе, кои за жал, сакаат да живеат во животи туѓи“ - пишуваше во најавата која Стефан и Тамара ја споделија на Инстаграм.
„Имам чувство дека добро ќе се исплачам... Браво и едвај чекам да ја слушнам“ - е еден од коментарите што им ги оставија фановите уште пред да ја слушнат песната.
Музиката на „Патишта“ е на Лазаров, Васил Ангелов и Слаткаристика, а Слаткар го напиша и текстот.
Погледнете го спотот за „Патишта“:
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





