Марко го истетовира ликот на Андреј ДНК на негов пријател: „Ми беше тешко да се фокусирам бидејќи се знаевме“

„Ден по несреќата Андреј имаше закажано, требаше да го тетовирам него. Откако пред два дена ја направив тетоважата со неговиот лик, ми се јави и неговата мајка, на која ѝ беше чест што го тетовиравме нејзиниот ангел на раката на негов близок пријател“ – вели за CRNOBELO.com тату артистот Марко Тасевски.

marko-nacrta-tetovazha-so-lik-na-andrej-dnk-ja-napraviv-na-negov-prijatel-teshko-mi-beshe-da-se-fokusiram-01.jpg

Трагичната несреќа во дискотеката во Кочани, во која пожарот одзема 59 животи, остави неопислива болка и тага во цела Македонија и рана на срцата на блиските на починатите, која тешко ќе се залечи.

На социјалните мрежи се споделуваат многу спомени од членовите на групата ДНК, од која поголем дел ги загубија животите во пожарот, како доказ дека никогаш нема да бидат заборавени.

Прочитајте повеќе: Андреј, сите членови и фанови на ДНК, ни земавте дел од срцето: Македонија мисли на вас - нема да ве заборавиме

marko-nacrta-tetovazha-so-lik-na-andrej-dnk-ja-napraviv-na-negov-prijatel-teshko-mi-beshe-da-se-fokusiram-02.jpg

Тату артистот Марко Тасевски, на својот Инстаграм профил објави видео од најновата тетоважа која ја направил пред два дена, со ликот на Андреја Ѓорѓиески – познат како Андреј од ДНК.

marko-go-istetovira-likot-na-andrej-dnk-na-negov-prijatel-mi-beshe-teshko-da-se-fokusiram-bidejkji-se-znaevme-.jpg

Тетоважата е направена од фотографија на која тој пее на микрофон – нешто што повеќе од 2 децении го правеше од душа, пееше песни кои ги остави зад себе како наследство.

За CRNOBELO.com, Марко накратко ја раскажа приказната зад тетоважата, која тој ја направил на пријател на Андреј, во чест на неговиот прерано згаснат живот.

„Тетоважата е од пред два дена кога ја објавив, направена е на близок пријател на Андреј и Панчо, кој не би сакал да го именувам.

Тетоважи на починати личности ми се секогаш тешки за правење и ми се предизвик, но во овој случај беше особено тешко бидејќи и јас се знаев со Андреј.

Требаше него да го тетовирам ден после катастрофалната несреќа, имаше закажано термин, и затоа ми беше предизвик да бидам сконцентриран и фокусиран на работа.

Сепак, ја завршивме, а потоа и мајката на Андреј ме контактираше, ми кажа дека ѝ е чест што го тетовиравме ликот на нејзиниот ангел.

Тетоважата е направена од чиста емоција кон Андреј, како човек и како музичар“.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Андреј и Панчо среде улица пеат со група пензионерки: „Нè сретнаа во населбата Илинден, да се има ба... „Денес, снимајќи видео за ДНК, случајно се сретнавме со група пензионерки кои нè...
Фан на ДНК за повредените членови: „Панчо те чекам на гушкање, Горан не се давај мали - ќе ти попушт... „По долги години обожавање на ДНК конечно дојде на ред да ве видам во живо. На п...
„Пеј си најубаво, таму горе“: Колегите и блиските се збогуваат од Андреј од ДНК Колегите на Андреј од ДНК се во неверување за трагичната смрт на музичарот и со ...
Стомачен танц, „заразен“ ритам и стихови – Новата песна на ДНК, Бока Конга и Мишел Трајковски ќе ве ... „Ма нека збори цела чаршија...“ Ова се стиховите што сигурно ќе ги слушаме и ќе ...
Марко Новески доби близнаци на 44 години, а Камењар има две поголеми деца - двајцата ја обожаваат ул... „Поминувам време колку што можам повеќе со близнаците. Дома ги делиме обврски и ...
Трогателна објава на Македонка: „Да се бориш со канцер е страшно, да се бориш втор пат со канцер е п... „Како се гледам после операцијата и губењето на двете гради? Најнормално, женств...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg