Нова емотивна објава на Врчак: „Во душата ми е Андреј, ДНК ме натераа да се вратам на сцената“
- Детали
- петок, 11 април 2025
„Да е вечен низ бесконечноста Андреј… Андреј и Панчо постојано ме молеа да почнам да правам настапи затоа што велеа ДНК кога имале настапи, сите луѓе цело време ме барале - дури и со солзи и плачења“, споделува емотивно Врчак.
Раде Врчаковски – Врчак беше добар пријател со дуото ДНК, со кое во минатото соработуваа многу и имаа голем број заеднички песни и настапи, а сега откри дека токму тие биле виновниците што се вратил на македонската музичка сцена и дека токму со нив имал неколку настапи, по долгогодишната музичка пауза.
Oткако вчера (10.04) за првпат се огласи по смртта на Андреј, сега повторно сподели емотивна објава за него и за тоа колку ДНК се значајни за него.
Неговата објава на Фејсбук за нив гласи:
„Јас и Андреј (на мојот прв настап 2025 - по долгогодишната музичка пауза).
Да е вечен низ бесконечноста Андреј…
Андреј и Панчо постојано ме молеа да почнам да правам настапи затоа што велеа ДНК кога имале настапи сите луѓе цело време ме барале - дури и со солзи и плачења.
Јас им велев да завршам со сè за во Америка и може нешто да направиме.
Не можев да го одбијам Владимир и настапив на неговиот роденден лани со ДНК во Охрид, не можев да ги одбијам и за новогодишната прослава и не можев како другар да ги одбијам за затворање на „Станица 26“, каде Панчо работел (велам не ме ставајте во реклама да не случајно стане ептен хаос и доаѓам)…
Тоа беа моите последни настапи со Aндреј. Во душата ми е Андреј, Андреј секогаш ќе е жив во нас…“
Пред тоа Врчак објави и колаж од фотографии со Андреј.
„Јас и Андреј (Врчак и ДНК, мал споменоплов од минатите неколку години во чест на Андреј)“, напиша тој.
Прочитајте и Врчак се огласи по загубата на Андреј од ДНК: „Последната песна ја снимивме неколку дена пред да загине, неговиот глас ме врати во живот“
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





