„Кога јас го носам детето на детски роденден, маж ми гледа ТВ, кога тој го носи - јас чистам, раскревам и готвам“

Мајка од САД вели: „Зошто мажите имаат време и за одмор и за хоби, додека жените своето ‘слободно време’ повторно го трошат на неплатена работа за грижа за домаќинството и децата?“

koga-jas-go-nosam-deteto-na-detski-rodenden-mazh-mi-gleda-tv-koga-toj-go-nosi-jas-chistam-raskrevam-i-gotvam-01.jpg

Пејџ Тарнер од САД е мајка која на својот ТикТок профил постојано отворено говори за родителството, бракот, грижата за децата, како и за целиот ментален товар на жените.

Едно од нејзините понови видеа стана вирален хит.

Во него зборува за т. н. „leisure gap“ односно разликата во тоа колку мажите и жените минуваат време во неплатени домашни обврски vs. колку време за одмор имаат.

koga-jas-go-nosam-deteto-na-detski-rodenden-mazh-mi-gleda-tv-koga-toj-go-nosi-jas-chistam-raskrevam-i-gotvam-03.jpg

Taa конкретно посочува пример што се случува кога еден од родителите оди на детски роденден со детето.

Кога оди мајката, таткото дома има слободно неколку часа за гледање телевизија и тоа го прави без грижа на совест, додека кога оди таткото на роденден со детето – мајката тие неколку слободни часа ги користи за средување на домот, готвење и чистење.

koga-jas-go-nosam-deteto-na-detski-rodenden-mazh-mi-gleda-tv-koga-toj-go-nosi-jas-chistam-raskrevam-i-gotvam-05_copy.jpg

koga-jas-go-nosam-deteto-na-detski-rodenden-mazh-mi-gleda-tv-koga-toj-go-nosi-jas-chistam-raskrevam-i-gotvam-07.jpg

Дали токму ваква е реалноста?

За ова малкумина отворено зборуваат, но вистината е дека мажите по добивањето на деца имаат време и за одмор и за хоби, додека жените своето „слободно време“ повторно го трошат на неплатена работа за грижа за домаќинството и растење на децата.

Дури и истражување на истражувачкиот центар „Pew Research Center“ во САД покажува дека мажите имаат значително повеќе непрекинато време за самите себе.

Жените, покрај тоа што физички не одмораат, имаат дури и креирање на листи на обврски, справување со емоционалните потреби на децата и осигурување дека домаќинството функционира.

Oва води до исцрпеност на мајките, без време за хоби кое ќе ги релаксира и ослободи од менталниот товар.

koga-jas-go-nosam-deteto-na-detski-rodenden-mazh-mi-gleda-tv-koga-toj-go-nosi-jas-chistam-raskrevam-i-gotvam-06.jpg

Дури и кога мајките ќе седнат на миг, нивните умови не мируваат.

Се согласувате ли дека постои нееднаквост? Кај вас каква е ситуацијата?

Погледнете го видеото на Пејџ:

@sheisapaigeturner

The leisure gap between moms and dad’s is very real. Men have more time for rest and hobbies and women often spend that time during the unpaid labor required to manage a home and have a family. #motherhood #parenting #marriage #fairplay #domesticlabor #chores #raisingkids #millennialmom #defaultparent #hobbies

♬ original sound - Paige

С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Бајковит прв роденден на девојче од Скопје - Мајката и славеничката во фустани во тон (фото) „Подготвувањето на роденденот на Лана ни траеше сигурно 2 месеца, но мислам дека...
Ламбе Алабаковски за татковството: „Сакам и ќерка по двата сина“ „Самото породување за мене беше еден голем, возвишен чин, со измешани емоции, ра...
Трогателна објава на Македонка: „Да се бориш со канцер е страшно, да се бориш втор пат со канцер е п... „Како се гледам после операцијата и губењето на двете гради? Најнормално, женств...
Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше кре... „Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собер...
Димитар ја запроси саканата Стефани под ѕвезденото небо на Тунис (видео) „Тој порача шише вино во соба, но не ми беше чудно зашто често ми прави романтич...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg