Бајковит прв роденден на девојче од Скопје - Мајката и славеничката во фустани во тон (фото)
- Детали
- вторник, 03 септември 2024
„Подготвувањето на роденденот на Лана ни траеше сигурно 2 месеца, но мислам дека бајковит изглед на роденден и фустани во тон имав замислено уште од кога дознав дека носам девојче“, открива Кристина од Скопје за CRNOBELO.com.
Кристина од Скопје е мајка на Нестор (3) и Лана, а малата Лана неодамна наполни една годинка со бајковит роденден, обоен во розово.
Многу балони, фустани од тул, панделки и цвеќе беа дел од декорацијата во една наша винарија, каде се одржа забавата.
За подготовките околу роденденот Кристина споделува за CRNOBELO.com:
„Подготвувањето на роденденот на Лана ни траеше сигурно 2 месеца, но мислам дека бајковит изглед на роденден и фустани во тон имав замислено уште од кога дознав дека носам девојче.
Стилот за прослави на нашето семејство е на најквалитетен начин да си ги пречекаме најблиските гости и со нив да си ги прославиме посебните моменти.
Така, и овој пат имавме нешто помалку од 40 гости, кои доаѓаат од повеќе држави.
Мислам дека за успешноста на целиот настан беше вистинскиот избор на поддршка, од декорирање до стајлинг.
За ресторан не размислувавме, знаевме дека ќе биде Винаријата Камник, многу убаво искуство имавме од крштевката на синчето Нестор, пред 2 години.
Како и за музиката, и тогаш и сега настапуваа дечките од 2BE Band од кои сме презадоволни.