Иван Јованов за првата година со ќеркичката: „Секое слободно време го поминувам со Ниа, направивме тематски роденден“
- Детали
- вторник, 01 април 2025
„Најзабавна случка ни е кога Ниа беше новороденче и кога ѝ падна папочната врвца, па јас и Ивана избегавме, а ситуацијата ја презема баба. Сега уште не оди самостојно, а првиот збор ѝ беше баба“ – раскажува за CRNOBELO.com Иван Јованов, откако првиот роденден на ќеркичката го прославија со тематска забава „Бамби“.
Ќерката на Иван Јованов, Ниа, наполни 1 година на 26.03.2025, а роденденот ѝ го прославија со тематска забава „Бамби – животот во шумата“.
За прославата, малото девојче беше облечено во светло розово фустанче, модно ускладено со својата мајка Ивана, која носеше ист фустан со панделка.
По повод првата година од животот со Ниа, Иван за CRNOBELO.com раскажа како се чувствува, сподели интересни моменти со ќеркичката, а ни испрати и повеќе фотографии од роденденската фотосесија.
Една година со Ниа - што ти се смени најмногу во животот по нејзиното раѓање?
Се смени сè на најубаво! Најубавата година во мојот живот помина со моите принцези.
Како го поминуваш времето со неа и што ти е најубаво?
Максимум од времето го поминував со неа, сè додека тргна во градинка. Сега сме заедно секое попладне.
Каков роденден ѝ подготвивте – имаше ли тематска забава, каде?
Спремивме голем роденден со тематска забава „Бамби – животот во шумата“ и го прославивме во игротека во парк.
Ѝ купивте ли подарок? Каков?
За подарок сè уште не сме размислувале, бидејќи константно добиваме поклони од нашите најблиски.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





