Синот на Миа Костова слави 12-ти роденден во камп во Грција: „Ме направи непобедлив борец“

Со емотивно и забавно видео, кое е споредба од летниот одмор во 2014 и 2024, Миа Костова му го честита роденденот на синот Андрија, кој денес полни 12 години.

sinot-na-mia-kostova-slavi-12-rodenden-vo-kamp-vo-grcija-me-napravi-nepobedliv-borec-fala-shto-si-najdobriot-sin-na-svetot-01.jpg

Андрија, синот на инфлуенсерката и поранешна водителка, Миа Костова, наполни 12 години.

Оваа година Андрија роденденот го слави во камп во Грција. Тоа е истиот камп во кој Миа оди со години и за кој вели дека ѝ е омиленото место за летување, но и местото каде што Андрија израснал.

sinot-na-mia-kostova-slavi-12-rodenden-vo-kamp-vo-grcija-me-napravi-nepobedliv-borec-fala-shto-si-najdobriot-sin-na-svetot-05_copy.jpg

Па откако деновиве споделуваше фото-споредби на Инстаграм од летувањето во кампот пред десетина години и денес, каде го фоткаше Андрија на истите места каде што седел и си играл, сега направи и роденденско видео во истиот стил.

Видеото кое е комбинација од снимки од 2014, кога Андрија имал 2 години, и денес, на неговиот 12-ти роденден, е снимено на истото место на плажа, а Андрија е завиткан во пешкир.

sinot-na-mia-kostova-slavi-12-rodenden-vo-kamp-vo-grcija-me-napravi-nepobedliv-borec-fala-shto-si-najdobriot-sin-na-svetot-03.jpg

Па, двегодишниот Андрија, се тресе од студ но ѝ вели на Миа дека сака пак да влезе во вода и дека не сака да се врати дома во Скопје, туку да си живеат таму, на море.

Видеото завршува со снимка од 2024, на која Миа му го честита роденденот на синот.

sinot-na-mia-kostova-slavi-12-rodenden-vo-kamp-vo-grcija-me-napravi-nepobedliv-borec-fala-shto-si-najdobriot-sin-na-svetot-04.jpg

„Љубов моја, пораснавме заедно. Направи од мене непобедлив борец. Фала ти што сум ти мајка и фала ти што си најдобриот син на светот.

Само срреќа и здравје ти сакам, друго можам сè за тебе. Среќен роденден Андрија“, стои во роденденската честитка на Инстаграм Стори.

sinot-na-mia-kostova-slavi-12-rodenden-vo-kamp-vo-grcija-me-napravi-nepobedliv-borec-fala-shto-si-najdobriot-sin-na-svetot-02_1.jpg

Миа претходно објави и Стори на кое раскажа што правела неколку часа пред раѓањето на Андрија.

„Ова време пред 12 години ме примаат во болница. Бебето на ехо вика 4600... мама вика 80 кила... укакана како никогаш пред. Закажана прва во сала за утре кај мојот Слободан Дракулевски“, напиша таа.

Повеќе фотографии од Миа и Андрија:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бајковит прв роденден на девојче од Скопје - Мајката и славеничката во фустани во тон (фото) „Подготвувањето на роденденот на Лана ни траеше сигурно 2 месеца, но мислам дека...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Миа Костова изреволтирана откако дете го удрило со бокс во стомак син ѝ: „Булингот доаѓа од дома“ (в... Миа Костова вели дека нејзиниот син е повторно жртва на булинг - откако пред изв...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Миа Костова со брутално видео за убавината: „Не се печете во солариум и не носете вештачки трепки - ... „Сум носела надградба на коса, ама сега страшно ми изгледа. Ај што некој им...
Тие им се најголема поддршка - Како изгледаат сопругите на македонските пејачи? Јоце Панов и неговата избраничка биле во врска 10 години пред да стапат во брак,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg