Миа Костова со моќна порака до сите мајки: „Материјалното не го воспитува детето – му требате вие!“

„Нека не ве фрустрира ако немате сè она што го гледате на Инстаграм или на ТикТок, колички од 5.000 евра што сами се нишкаат или 78 чинии за бебе. Ќе порасне, понекогаш и во многу подобра личност од оној во количката која чини колку кола“ – им порача Миа Костова на мајките.

mia-kostova-so-mokjna-poraka-do-site-majki-materijalnoto-ne-go-vospituva-deteto-mu-trebate-vie-01.jpg

Нашата ТВ водителка и инфлуенсерка Миа Костова е позната по тоа што често отворено и јавно им се обраќа на своите следбеници и често се обидува да отвори теми поврзани со секојдневниот начин на живот.

mia-kostova-so-mokjna-poraka-do-site-majki-materijalnoto-ne-go-vospituva-deteto-mu-trebate-vie-02.jpg

Таа зборувала за сопствената борба со анксиозноста, за паничните напади, за борбата со вишокот килограми, за булингот, а сега се осврна на една вечна тема – мајчинството.

Миа на Инстаграм Стори објави две фотки од синот Андрија како бебе и денес, па сподели како изгледале првите 3 години од животот на нејзиниот син, со што им укажа на голем број мајки дека не се сами и дека и јавните личности минуваат низ истите проблеми и маки, како и сите други, „обични“ жени.

mia-kostova-so-mokjna-poraka-do-site-majki-materijalnoto-ne-go-vospituva-deteto-mu-trebate-vie-06.jpg

Како што и самата вели, во тие три години, многу повеќе обрнувала внимание на здравјето и воспоставувањето ред и дисциплина кај синот, отколку на материјалните работи што можела да му ги дозволи.

„Некогаш и јас чував бебе.

Имаше една цуцла;

Цицаше до 5 месеци ексклузивно;

Сам заспиваше во креветче од 2 месеци;

Јадеше блендирано до година ипол и секогаш зготвено дома и тоа 4 оброци;

Легнуваше војнички во 19 без исклучок, никогаш не бев од оние мајки што држат бебе во кафеана на столчиња;

Го бањав секој ден до 3 години, тоа ни беше ритуал;

Во градинка тргна непрооден на 9 месеци, затоа што немаше кој да го чува додека да пркне до 3 години;

Имаше ларингити често и нонстоп бактерии во нос;

Има 12 години и никогаш се нема напиено антибиотик, нема примано кортико, ниту бил болен повеќе од 3 дена;

Најстрашно поминавме со една мононуклеоза;

Често имаше стомачни вируси;

Оди со мене буквално секаде откако е роден;

Прозборе на 2 ипол години;

Никогаш не читав книги за растење деца, пораснав златен дечко. Пу, пу така да продолжи.

Сакав да кажам, нека не ве фрустрира ако немате сè она што го гледате на Инстаграм или на ТикТок, колички од 5.000 евра што сами се нишкаат или 78 чинии прибор за бебе.

Ќе порасне, понекогаш и во многу подобра човек од оној во количката која чини колку кола“ – порача Миа.

mia-kostova-so-mokjna-poraka-do-site-majki-materijalnoto-ne-go-vospituva-deteto-mu-trebate-vie-03.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Инстаграм профилот на Ана од Охрид е како сцена од есенска бајка (фото) „Есента ми е омилена најмногу заради природата, нејзините бои, мирисот на цимет,...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Едина Муса го откри името на бебето, Кристина Димитри меша ајвар: Што прават македонските ѕвезди на ... Иван Јованов ужива со сопругата и ќерката Ниа, нашата млада актерка Марија Јанче...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Миа Костова изреволтирана откако дете го удрило со бокс во стомак син ѝ: „Булингот доаѓа од дома“ (в... Миа Костова вели дека нејзиниот син е повторно жртва на булинг - откако пред изв...
Миа Костова со брутално видео за убавината: „Не се печете во солариум и не носете вештачки трепки - ... „Сум носела надградба на коса, ама сега страшно ми изгледа. Ај што некој им...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg