Миа Костова со моќна порака до сите мајки: „Материјалното не го воспитува детето – му требате вие!“
Но, оваа објава предизвикала лавина од коментари во нејзиниот инбокс, па Миа одлучи уште подолго да објасни што мисли на темата и упати силна и моќна порака до мајките.
Таа раскажа со какви сè предизвици се соочувале со Андрија, но горда е на тоа во какво момче израснал.
„Добив 150 пораки во 15 минути.
Постот не беше за да сум јас некоја сѐмајка, затоа што не сум.
Постот си ја најде намената и вашите пораки се идентични: „Е ова ми требаше да го прочитам“.
Материјалното не го воспитува детето. На детето му требате вие. Но, и тоа не треба да оди до крајности. Детето мора да знае кој кого родил. Детето е дете, родителот – родител.
Кога имате потреба да избистрите глава со маникир, оставете го на сосетката. За ваше и негово добро. Ама, не, не можам, многу е приврзан за мене.
Па, Андрија немало за кој друг да е приврзан, ама научил дека моите другарки се сигурна зона. Па не правел проблем никогаш и преспивал кај Илина во пелени.
Одат во градинка до пред ручек. Зошто? Затоа што свекрва ти може да го земе.
Андрија секој ден остануваше со дежурната учителка која сигурно превртуваше очи кога ќе влезев во 17 и 15. Зошто? Затоа што немаше кој.
Ви личи дека е истрауматизиран затоа што бил во градинка по 10 саата?
Не за да се шетам. За да го однесам на одмор 5 дена.
Не им се плашете, посилни се отколку што мислите. И кога се болни, дајте антибиотик ако треба, а не за да бидете вие мирни.
Помачете се малку, варете кромид и мешајте малтекс, имунитетот се гради со настинки и недавање амоксиклавче за да спиете мирно.
Многу е тешко! Некогаш е неиздржливо, ама поминува. Тоа е вистината.
Ред и дисциплина е една од клучните работи. Бебе не легнува во 1 и не спие во кафеана. До 3 години.
Така ќе научи и дека последниот збор е ваш.
Кревет во исто време, оброци исто.
Три години, малку е да кажам дека е мини затвор што мириса убаво, ама е супер подлога за сè што следи.
„Ех, ама ние како сме спиеле на свадби“.
Спиевме, ама утредента раздразливо дете не го смируваат со Јутјуб 10 саата. Има разлика во чување дете денес и „ех ние“.
И за крај, за сè да е добро, прво мора мама да е добро.
Не чувајте покрај себе бебе и возрасен маж кој ви ги кине нервите, не се плашете да останете сами и дистанцирајте ги бабите ако ви земаат енергија, наместо да ве опуштат затоа што изгледале онолкави деца.
Моето искуство не значи дека е исправно. Но, можам да кажам дека на овој начин на кој сум го пораснала Андрија би можела да пораснам уште три. Сосема сама. Па, ете, можеби некому ќе е од помош“ – порача Миа.
Што мислите вие? Се придржуваме ли сите како родители до ваквите правила? Или често се трудиме да си ја олесниме работата, па потоа се соочуваме со уште поголеми проблеми?
Б. С. Б. | Црнобело