Миа Костова: „Не мислите дека Јован или кој било е прерано да дава интервјуа како му гореле другарите?“
- Детали
- недела, 30 март 2025
„Не мислите дека е прерано за Јован или кој било да дава интервјуа и да прераскажува како живи му гореле другарите, да споделува детали, а видеото да е достапно и за родителите на деца кои се баш оние кои викале и денес не им се дома...“, пишува Миа Костова.
По трагедијата во Кочани на социјалните мрежи осамнаа неколку видеа на кои момци што помагале таа траорна ноќ раскажуваат какво тешко и болно искуство било тоа.
Сега, Миа Костова се огласи на својот Инстаграм профил и прокоментира против оваа практика.
Објавата на Миа гласи:
„Не мислите дека е прерано за Јован или кој било да дава интервјуа и да прераскажува како живи му гореле другарите, да споделува детали, а видеото да е достапно и за родителите на деца кои се баш оние кои викале и денес не им се дома.
Извинете, ама нормални не сте.
Оставете го момчето да си дојде на себе, едвај зборува и пелтечи од што самиот не е излезен од шокот и од тоа што го снашло.
Што се постигнува со видеото? Повеќе донации?
Дајте луѓе ако сте хуманитарци, бидете барем хумани и за хероите“.
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





