Миа Костова за летувањето во Ердек: „Тијана има стан тука, влез на приватна плажа е меѓу 600 и 1.500 денари“

„Цените до лани беа супер евтини, годинава се како во Грција. Има лахмаџун за 3-4 евра, ама во ресторан нема да поминете без 150 евра за двајца. И маркетите не се воопшто евтини, поскапо е од кај нас“, вели Миа Костова за летувањето во Турција.

mia-kostova-za-letuvanjeto-vo-erdek-tijana-ima-stan-tuka-vlez-na-privatna-plazha-e-megju-600-i-1-500-denari-01.jpg

Миа Костова во моментов е на летување во Ердек, со синот Андрија и со Тијана.

Тие се веќе неколку недели во Турција, од каде што ќе продолжат кон Санторини, што, како што најави Миа, е нивната следна дестинација.

mia-kostova-za-letuvanjeto-vo-erdek-tijana-ima-stan-tuka-vlez-na-privatna-plazha-e-megju-600-i-1-500-denari-06.jpg

Инфлуенсерката, освен што ужива во времето на плажа, но и во сето она што ѝ го носи денот, таа наоѓа време и за комуникација со своите следбеници.

Па, досега, неколкупати им даде можност за разговор и одговараше на нивните прашања.

Дел од „муабетите“ меѓу Миа и оние кои ја следат, беа поврзани со впечатоците од летувањето во Ердек, цените, плажите, храната...

„Како е со цени од сместување, храна, плажа? Дали сместувањето е блиску до плажа?“, ја прашаа Миа.

mia-kostova-za-letuvanjeto-vo-erdek-tijana-ima-stan-tuka-vlez-na-privatna-plazha-e-megju-600-i-1-500-denari-03.jpg

„Не сум разгледувала цени за сместување. Тијана има стан тука, кој е во стариот дел од градот, на 2 минути од центарот.

Плажите ни се на 10-15 минути со кола. Цените до лани беа супер евтини, годинава се како во Грција.

Имате лахмаџун за 3-4 евра, ама во ресторан нема да поминете без 150 евра за двајца.

И маркетите не се воопшто евтини, поскапо е од кај нас.

Ако пиете вино на плажа и јадете салата и некој бургер, кафе, вода, исто ќе ве чини некои 100 евра“, одговори Миа.

mia-kostova-za-letuvanjeto-vo-erdek-tijana-ima-stan-tuka-vlez-na-privatna-plazha-e-megju-600-i-1-500-denari-09.jpg

Таа кажа и дека станот во кој престојуваат е на мајката на Тијана и дека никој не живее таму „преку годината“, но дека Тијана и брат ѝ се таму во текот на летото.

Следбениците ја прашаа и каков впечаток ѝ оставил Ердек, бидејќи, според нив, Миа преку Инстаграм Стори не оддавала впечаток дека е воодушевена.

„Тука сме секоја години и ни е како дома. Нема што да те воодушеви во мало гратче со неколку фини плажи.

Битно ни е да сме на море. И да, многу го сакаме Ердек“, напиша Миа.

mia-kostova-za-letuvanjeto-vo-erdek-tijana-ima-stan-tuka-vlez-na-privatna-plazha-e-megju-600-i-1-500-denari-04.jpg

На прашањето за цената на лежалките, Миа вели:

„Зависи каде. На градските плажи што се ужасни, не се наплаќаат, на другите влез на плажа е од 600 до 1.500 денари по човек“.

Таа откри и дека омилено јадење на Андрија и Тијана им е лахмаџун, а дека таа јаде салати, па нема нешто што ѝ е посебно омилено од она што го нуди локалната кујна.

mia-kostova-za-letuvanjeto-vo-erdek-tijana-ima-stan-tuka-vlez-na-privatna-plazha-e-megju-600-i-1-500-denari-12.jpg

„На кои други места си била во Турција и кои се твоите впечатоци?“ - ја прашаа.

На ова, Миа напиша дека Турција е преубава земја, а таа досега била во Анталија, Мармарис, Сиде, Истанбул и Анкара.

„Јас само мразам одмори во ресорти со базени додека сум на море.

На тие места низ Анталија, баш морето е некако тапа, па не би одбрала одмор со 10 дена во базен.

Во тие места и овде во Ердек некако се своеглави и сè мириса на Турција, а имаат баш ужасна храна и по хотели и тука по ресторани.

Упропастени варени шкампи и слично... Е сега, Бодрум или озбилни рестораништа во Истанбул се друга приказна.

Сè на сè, Турција си е убава - кој што си сака“, напиша таа.

Повеќе фотографии во продолжение:

mia-kostova-za-letuvanjeto-vo-erdek-tijana-ima-stan-tuka-vlez-na-privatna-plazha-e-megju-600-i-1-500-denari-07.jpg

mia-kostova-za-letuvanjeto-vo-erdek-tijana-ima-stan-tuka-vlez-na-privatna-plazha-e-megju-600-i-1-500-denari-14.jpg

mia-kostova-za-letuvanjeto-vo-erdek-tijana-ima-stan-tuka-vlez-na-privatna-plazha-e-megju-600-i-1-500-denari-13.jpg

mia-kostova-za-letuvanjeto-vo-erdek-tijana-ima-stan-tuka-vlez-na-privatna-plazha-e-megju-600-i-1-500-denari-11.jpg

mia-kostova-za-letuvanjeto-vo-erdek-tijana-ima-stan-tuka-vlez-na-privatna-plazha-e-megju-600-i-1-500-denari-10.jpg

mia-kostova-za-letuvanjeto-vo-erdek-tijana-ima-stan-tuka-vlez-na-privatna-plazha-e-megju-600-i-1-500-denari-08.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Имала 12 бракови, го врати внукот со аутизам кај мајка му и живее сама на село – Животната приказна ... „Имаше страшни моменти додека ги растев ќерките. Се случуваше да јадеме бисквити...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Миа Костова со брутално видео за убавината: „Не се печете во солариум и не носете вештачки трепки - ... „Сум носела надградба на коса, ама сега страшно ми изгледа. Ај што некој им...
Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...
Миа Костова со моќна порака до сите мајки: „Материјалното не го воспитува детето – му требате вие!“ „Нека не ве фрустрира ако немате сè она што го гледате на Инстаграм или на ТикТо...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg