Кристина Димитри го остави дечкото чиј идентитет го криеше: „Со песна ќе ја затвориме оваа голема љубов“
- Детали
- понеделник, 23 декември 2024
„Бидејќи ве информирав за мојата љубов, сега добивам милион пораки за истата. Врз основа на моја одлука, ставив крај на нашата врска“ - напиша Кристина.
Кристина Димитри, која скоро една година беше во врска со маж од Србија, а чиј идентитет го криеше, откри дека ѝ ставила крај на нивната љубовна приказна.
Како што правеше додека беа во врска, па споделуваше фотографии на кои не се гледа неговиот лик, така и овој пат, преку Инстаграм Стори објави заедничка фотографија и на своите следбеници им кажа дека веќе не се заедно.
„Бидејќи ве информирав за мојата љубов, сега добивам милион пораки за истата. Врз основа на моја одлука, ставив крај на нашата врска.
Тој често ми ја посветуваше оваа песна, па со истата песна ќе ја затвориме оваа голема љубов“ - напиша Кристина, а на сторито се слуша песната „Dugujem ti sebe“ од Lexington Band.
По ова, Кристина сподели и порака што ја добила од своите следбеници, а која е со голема поддршка за неа.
„Не те познавам лично, а те следам долго време (освен што се имаме сретнато низ мол неколкупати), ама изгледаше вистински среќна. Се надевам дека ќе продолжиш да си таква за многу брзо време“ - пишува во пораката.
На ова Димитри одговори дека секогаш е насмеана:
„Среќата е во самите нас“.
Додека беа во врска, Кристина постојано велеше дека е најсреќната и најсакана жена во светот.
Понекогаш знаеше и да напише дека добива пораки од негови бивши девојки, но дека тие се љубоморни, бидејќи таа е првата жена што вистински ја сака и која му го променила животот.
Претходно, во разговор за CRNOBELO.com, Кристина раскажа дека се запознале во Белград и дека од првиот момент откога се заедно, воопшто не се разделиле.
„Ме привлече со неговиот изглед, за мене тој е најубавиот маж. Но, ме освои со начинот на кој ме сака. А тоа е безусловна љубов“ - кажа тогаш таа.
Тие постојано патуваа заедно, одеа на викенди, на настани и во Македонија и во Србија.
Откако раскина со дечкото, Кристина ѝ се враќа и на музиката и на настапите низ земјава, па веќе го најави и првиот настап, за 01.01.2025, во Радовиш.
А. Ј. | Црнобело