Кристина Димитри за новиот дечко: „Се запознавме во Белград, секое утро ме буди со кафе и појадок“

„Се запознавме во Белград. Ме привлече со неговиот изглед, за мене тој е најубавиот маж. Но, ме освои со начинот на кој ме сака. А тоа е безусловна љубов“ - Кристина Димитри првпат прозборе за новиот дечко, кој е од Србија.

kristina-dimitri-za-noviot-dechko-se-zapoznavme-vo-belgrad-sekoe-utro-me-budi-so-kafe-i-pojadok-01.jpg

Кристина Димитри, која неколкупати преку Инстаграм навести дека по подолго време е заљубена, објави први фотографии со дечкото.

На нив, таа сепак му го крие лицето и не сака да го открие неговиот идентитет.

kristina-dimitri-za-noviot-dechko-se-zapoznavme-vo-belgrad-sekoe-utro-me-budi-so-kafe-i-pojadok-06.jpg

Парот неодамна беше на патување во Брисел, и таму се направени и фотките со кои Кристина го привлече вниманието.

Димитри, која не зборува многу за својот љубовен живот, сега, во разговор за CRNOBELO.com, откри дека се запознале во Белград и дека тој од првиот миг бил искрен со неа, но и во своите намери да ѝ покаже дека му значи и дека ја сака.

kristina-dimitri-za-noviot-dechko-se-zapoznavme-vo-belgrad-sekoe-utro-me-budi-so-kafe-i-pojadok-04.jpg

„Заедно сме од моментот кога првпат се запознавме, не сме се разделиле воопшто.

Ме привлече со неговиот изглед, за мене тој е најубавиот маж. Но, ме освои со начинот на кој ме сака. А тоа е безусловна љубов.

kristina-dimitri-za-noviot-dechko-se-zapoznavme-vo-belgrad-sekoe-utro-me-budi-so-kafe-i-pojadok-02.jpg

Искрено, направи сè за да ми докаже дека е сериозен во намерите спрема мене.

Се појави и кажа: ‘Ти си таа, тоа е тоа'. Така што, сè ви е јасно.

kristina-dimitri-za-noviot-dechko-se-zapoznavme-vo-belgrad-sekoe-utro-me-budi-so-kafe-i-pojadok-03.jpg

Тој секое утро станува пред мене, а кога ќе се разбудам ме чекаат кафе и појадок.

Секогаш стои не позади мене, туку пред мене - така се чува личноста која ја сакаш најмногу.

kristina-dimitri-za-noviot-dechko-se-zapoznavme-vo-belgrad-sekoe-utro-me-budi-so-kafe-i-pojadok-05.jpg

Ние се запознавме во Белград, тоа е сепак мојот среќен град.

Но, не постои далечина меѓу нас. Секаде сме заедно, во секој град, држава.

Кога сакаш некого искрено, не можеш да си далеку од него повеќе од 2-3 часа“, ни кажа Кристина.

kristina-dimitri-za-noviot-dechko-se-zapoznavme-vo-belgrad-sekoe-utro-me-budi-so-kafe-i-pojadok-08.jpg

kristina-dimitri-za-noviot-dechko-se-zapoznavme-vo-belgrad-sekoe-utro-me-budi-so-kafe-i-pojadok-07.jpg

kristina-dimitri-05.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело / фото: Приватна архива

Би можело да ве интересира:

Едина Муса го откри името на бебето, Кристина Димитри меша ајвар: Што прават македонските ѕвезди на ... Иван Јованов ужива со сопругата и ќерката Ниа, нашата млада актерка Марија Јанче...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Кристина Димитри по јавните критики на нејзина сметка: „Поминав низ пекол, јас сум и мајка и татко н... „Жените денес не знаат што сакаат. Живеат од парите на мажот, а мислат дека се б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg