Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Сара Мејс и Димитар на летување во Египет со Лазаров и Марта - мажите го учат Кирил да пие пиво (фото)

„Кога ќе го оставиш детето на мажите“, напиша на шега Стефан Лазаров и покажа како му дава на синот на Сара и Димитар да проба голтка пиво, а потоа и неговата слатка реакција додека прави смешни фаци. 

stefan-i-marta-letuvaat-vo-egipet-so-sara-i-dimitar-lazarov-go-uchi-kiril-da-pie-pivo-01.jpg

Египет отсекогаш бил привлечна туристичка дестинација, а оваа година на заедничко летување таму заминаа Димитар Атанасовски со сопругата Сара Мејс и децата, во друштво на Стефан Лазаров и неговата сопруга Марта.

Двата пара, кои се дружат поинтензивно откако Стефан и Димитар заедно го реализираат адреналинското шоу „Триумф“, заминаа на летување, кое, по фотографиите и видеата што ги споделуваат на социјалните мрежи, се чини е забавно и нешто што ќе им остане засекогаш во сеќавање.

Во Египет, Стефан и Марта ја прославија првата годишнина од брак, а на шега, додека беа во пустина на возење квад, Стефан клекна на колена и со свршеничкиот прстен што ѝ го даде на сопругата пред некоја година, повторно „ја запроси“.

„Луѓето ќе си помислат дека стварно ме бараш за жена, а ние сме одамна во брак“, му вели Марта.

stefan-i-marta-letuvaat-vo-egipet-so-sara-i-dimitar-lazarov-go-uchi-kiril-da-pie-pivo-07.jpg

На пустинското сафари, двете семејства беа и на јавање камили, од каде што споделија по некое видео на Инсатаграм Стори.

Стефан неколкупати беше задолжен да го чува Кирил, помалото дете на Сара и Димитар. Па, додека се „дружеа“, Стефан му даде да проба пиво.

stefan-i-marta-letuvaat-vo-egipet-so-sara-i-dimitar-lazarov-go-uchi-kiril-da-pie-pivo-02.jpg

Кирил, иако делува дека едвај чека да пивне од пијалакот, по првата голтка прави „кисели“ фаци, а Стефан не може да престане да се смее на неговите слатки реакции.

„Кога ќе го оставиш детето на мажите“, напиша Лазаров.

Повеќе фотографии од заедничкото летување во Египет:

stefan-i-marta-letuvaat-vo-egipet-so-sara-i-dimitar-lazarov-go-uchi-kiril-da-pie-pivo-10.jpg

stefan-i-marta-letuvaat-vo-egipet-so-sara-i-dimitar-lazarov-go-uchi-kiril-da-pie-pivo-09_1.jpg

Повеќе фотки на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Каде е и што прави денес Угро? „Ах, 90-тите и 2000-тите години беа убави за живеење. Инаку, моментално сум...
Денес е „Свети Кирил и Методиј“ – Среќен именден Кирил, Кире, Методија, Менде... На 24-ти мај православните христијани го слават празникот Свети Кирил и Методиј....
Кирил Ангелов, жртва на педофил од Велес: „Сѐ уште ги мирисам лигите на Сеништето по мојот врат доде... „Добар ден, имате ли парфем кој мириса на Црква? На темјан? Се чудат... Како да ...
Сара Мејс модно издоминира со фустан без долна облека на настап во Битола (фото) Ова е едно од најдобрите модни изданија на Сара Мејс досега, со совршена доза на...
Панчо емотивен за роденденот на првородениот син: „Ќе те сакам до крајот на животот“ „Не можам да ти ветам дека ќе бидам тука до крајот на твојот живот, но ти ветува...
Кристина Димитри го остави дечкото чиј идентитет го криеше: „Со песна ќе ја затвориме оваа голема љу... „Бидејќи ве информирав за мојата љубов, сега добивам милион пораки за истата. Вр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg