Браво! Илина Арсова стана доктор на науки во САД и покажа дека жена може сè - и планини и наука
- Детали
- петок, 28 март 2025
По љубовната врска со Игор Џамбазов, Илина Арсова одлучи да се пресели во САД, каде се запиша на докторски студии. Сега, ја реализираше својата цел и стана доктор на науки. Илина Арсова е синоним за планинарски успеси и е доказ дека жените можат сè, само треба доволно силно да сакаат. Браво!
Илина Арсова е синоним за планинарски успеси, но и успеси како уметница, писателка и поборник за здрава животна средина, синоним за силна и амбициозна жена, која ги следи своите соништа и страсти по секоја цена.
Таа е силен поборник за заштитата на Охридското Езеро, но и вљубеник во Дојран и во секое катче од нашата прекрасна земја.
Илина е жена за која светот е претесен, но Македонија незаменлива.
Таа по љубовната врска со Игор Џамбазов, одлучи да се пресели за докторски студии во САД, а сега, на нејзиниот Фејсбук профил ја објави среќната вест дека докторирала.
Илина Арсова вели:
„Драги пријатели, роднини и колеги. Чест ми е да споделам дека на 25 март 2025 успешно ја одбранив мојата докторска дисертација од областа на општествените науки.
Сега и официјално сум експерт за родови прашања, спорт и медиа кои несомнено водат кон социјални промени.
Неизмерно ви благодарам на сите што постојано ме храбрите и поддржувате во овој долг, изолиран и сопствен рефлексивен процес на учење и надградување.
Наскоро повеќе детали... чувајте се и само преку знаење, етика и солидарност заедно да изградиме една подобра држава и иднина за сите.
Она што е неопходно за нашата мила Македонија...
(со болка во срцето по 16.03).
Ве сака Илина“.
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





