Илина Арсова по бикини и во топ форма, среде декември влезе во Охридското Езеро (видео)
- Детали
- понеделник, 30 декември 2024
„Добро утро Македонијо, декемвриско - кратко, ама слатко освежување“ - напиша нашата Илина Арсова, која храбро влезе во студените води на Охридското Езеро и покрај ниските температури.
Планинарката Илина Арсова, која е позната по својот авантуристички дух, вистински ужива во природните убавини на Македонија.
Таа живее во САД, каде пред неколку години се пресели, но периодов е дома, како што напиша на социјалните мрежи.
Крајот на годината, нашата планинарка го искористи за уште еден храбар потег, па и покрај ниските температури, влезе во Охридското Езеро.
На Инстаграм Илина објави видео, на кое облечена во бикини, полека и смирено влегува во ладното езеро.
Иако не ѝ е првпат, сепак признава дека траело само кратко и дека ќе ѝ бидат потребни совети од ледената Македонка Бетика, која редовно влегува во ладна и ледена вода со минусни температури.
„Добро утро Македонијо. 27 декемвриско, кратко ама слатко освежување. Бетика, ќе треба некоја лекција да научам (дека првиот пат без раце, па после и со раце влегов)“ – стои во описот на објавата на Илина.
Во коментар Бетика ја пофали нашата планинарка и напиша: „Горда сум на тебе, кралице“.
Кликнете за да го погледнете видеото на Илина:
М. М. | Црнобело