Сара Мејс горда на сопругот: „Среде невреме помогна на непознат човек – на него имаше 20l вода и го маваше град“
- Детали
- понеделник, 24 јуни 2024
Колкумина од вас во најголемото невреме би застанале да му помогнат на непознат човек на улица? Сара Мејс е горда на својот сопруг и објави видеа во кои покажа дека тој накиснал до гола кожа додека правел хумано дело низ улиците во Скопје.
Скопје вчера (23.06) беше погодено од невреме со силен ветер, дожд и град, а голем број Скопјани се најдоа затекнати од ситуацијата низ улиците на главниот град, каде глетките беа апокалиптични.
Нашата пејачка и харфистка Сара Мејс, на Инстаграм сподели неколку видеа во кои покажа дека е горда на нејзиниот сопруг Димитар Атанасовски, кој воопшто не се грижел дали ќе биде накиснат од дожд и измаван од силниот град додека се потрудил да му помогне на непознат човек.
„Застана со кука да го влече, да помогне на рандом човек на патот, затоа што е великан, е затоа.
Со две деца заспани во автомобилот, со правење жива вода, заради чистата намера да помогне некому, со муабетот дека и ‘тој кога би можел би го направил истото’...
Не за сликање колку е хуман за на Инста, не за на Фејсбук, не за ‘еве јас што направив’... Просто зашто е ретко добра душа. Голем човек си Димитар Атанасовски, затоа Универзумот те сака“ – му порача Сара на сопругот.
Таа сподели уште едно видео и фотка на која се гледа дека Димитар, на себе по завршеното хумано дело имал 20l вода и бил изудиран од град, а објави и една фотка на која позира до него, па напиша:
„Аквамен и јас!“
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





