Ледената Бетика го запозна својот идол, Вим Хоф: „Ми кажа дека заедно ќе го промениме светот“

„Се држевме за рака и пополека во солзи му раскажав за мојата сообраќајна незгода и дека бев неподвижна. Кога му соопштив дека мојата повредена нога е комплетно излечена, врескаше на цел глас, прославувавме гушнати, а потоа ми ја бакна излечената нога“, вели воодушевено ледената Бетика, која конечно го запозна својот идол.

ledenata-betika-go-zapozna-svojot-idol-vim-hof-mi-kazha-deka-zaedno-kje-go-promenime-svetot-01_2.jpg

Бети Котовчевска од Ресен, позната како ледената Македонка Бетика, си го исполни најголемиот сон во животот и го запозна Вим Хоф, екстремниот холандски атлетичар, кој во светот е познат како Ледениот човек (The Iceman), а кој со часови може да седи во студена вода.

Откако во февруари годинава Бетика беше во Франција и учествуваше во работилницата на Вим Хоф (како дел од програмата се искачи на Алпите само во шорц), таа сега замина во Келн, Германија, и успеа да го запознае човекот кој ѝ е идол, а кого го нарекува и нејзин втор татко.

Бетика со огромно воодушевување, и уште под импресии, раскажа за случајната средба со Ледениот човек, кому, мислела дека нема да успее ни да му се доближи, бидејќи на неговото предавање во Келн имало околу 4.000 луѓе.

Но, среќата ѝ се насмевнала, па таа го сретнала по предавањето и во „своите 5 минути“, како што го опишува времето поминато со Хоф, му ја раскажала својата приказна.

Бетика своето доживување го сподели на Инстаграм со своите следбеници и им порача да сонуваат, зашто соништата не познаваат години.

„Си го остварив мојот најголем сон - го запознав мојот втор татко, мојата вечна инспирација, мојот исцелител, човекот што променил милиони животи, па и мојот. Екипо испишавме историја!

Еден и единствен човек на целата планета Земја кој поставува 26 светски рекорди само за да покаже и докаже колку сме моќни, дека човековото тело нема граници, ние ги поставуваме.

Покажува и докажува дека апсолутно луѓето се излечливи од секакви болести само со мајката природа, бесплатна медицина, силни и здрави луѓе.

Сонував за овој момент, сонував да присуствувам на негова работилница, за момент да ја осетам неговата магична енергија. А потсвесно сонував и да му ја раскажам мојата приказна лично.

ledenata-betika-go-zapozna-svojot-idol-vim-hof-mi-kazha-deka-zaedno-kje-go-promenime-svetot-04.jpg

Се наоѓам во Келн, утрото беше бурно, толпа од луѓе, река од Хофери. Пополека во ред се приближуваме кон арената сите со иста цел, сите со иста мисија.

4 илјади луѓе дишевме во еден здив, станавме едно срце, душа и тело.

Бевме љубов, бев пресреќна, но тука пак ја изгубив и надежта дека воопшто ќе му се приближам.

Но јас секако бев пресреќна што сум дел од овој историски момент, бев пресреќна и реално не бев далеку од него, бината нè делеше, а енергијата не. Си реков ‘Ќе дојде твоето време, не тажи мое мило Бетиче’.

Искрено пуштив и некоја солза од тага и желба, длабоко во себе горев да го запознаам и да му раскажам сѐ. Нејсе, се смирив.

Завршува целиот настан и со мојот ученик Бојан, се пуштивме кон центарот на градот, веќе заборавив на тагата.

Нашата прошетка заврши, пополека се враќавме накај смештајот, моите емоции беа сталожени и задоволени.

Но, во еден момент како нешто да ме сопре, како некој глас  да ми викаше ‘успори каде брзаш, успори...’.

И реално, си реков ‘Каде брзаш девојко, го имаш целото време на светов?’. Го успорив темпото и продолжив да движам и опсервирам.

ledenata-betika-go-zapozna-svojot-idol-vim-hof-mi-kazha-deka-zaedno-kje-go-promenime-svetot-03.jpg

Драги мои луѓенца, не можев да им поверувам на очиве.

Бети Котовчевска од Ресен, малото Бетиче кое  неуморно веруваше во својот сон, која со години сама го крши најголемото табу - ладната вода во милата наша Македонија, е таа, таа дисциплинирана Бети што ‘јадеше’ хејт од кого било без причина, е баш таа беше одбрана од Бога да го сретне на улица - буквално си седеше на трева ѕверов.

Кога цел свет ми беше срушен и тажен, Бог реши да го успори времето, да застанам во исто време на исто место, на улица и баш таму  да му ја раскажам мојата приказна, да му раскажам сѐ.

Вим седеше пред арената со неговите инструктори од Германија и 2 фана, го чекаше неговиот превоз што каснеше 5 минути. Тие беа моите 5 минути!!!

ledenata-betika-go-zapozna-svojot-idol-vim-hof-mi-kazha-deka-zaedno-kje-go-promenime-svetot-05.jpg

Тоа беше мојата животна мисија! Ако не веруваш во манифестација, сега ти е моментот да почнеш!

Рамо до рамо со најпознатиот светски исцелител, еден и единствен Вим Хоф.

Срцето ќе ми пукнеше од радости - имав некоја минутка да си ги соберам емоциите и да ја раскажам мојата приказна.

Се тресев, плачев и се радував. Солзи радосници капат, јас сум избраната од сите тие луѓенца, си помислив и во благодарност и љубов прифатив.

Очи во очи, се држевме за рака и пополека во солзи му раскажав за мојата сообраќајна незгода.

За тоа дека не бев подвижна скоро 2 години, а сега сум 100% излечена без никакви последици, иако докторите тврдеа вечен инвалидитет.

Кога му соопштив дека мојата повредена нога е комплетно излечена, врескаше на цел глас, прославувавме гушнати, радоста одекна во етерот, а потоа ми ја бакна излечената нога.

Ова беше најмоќниот ден во мојот живот, мојата мисија е повеќе од јасна.

ledenata-betika-go-zapozna-svojot-idol-vim-hof-mi-kazha-deka-zaedno-kje-go-promenime-svetot-02.jpg

Мојот втор татко ми кажа колку е горд на мене за сите овие години, за сите моменти што никогаш не се откажав од себеси, ни од него и неговиот метод, што гордо го носам единствениот балкански рекорд од -34°C, што гордо стојам зад сите жени кралици, колку е горд на мене за тоа што неговото дело го ширам во Македонија, колку е горд што и јас сум инспирација и менувам животи.

'А најголема желба ми е еден ден да станам светски инструктор', му реков, гледајќи во неговите плави очи полни радости.

Ме гушна и ми кажа дека во неговата визија за скоро ме гледа и на големата сцена до него.

‘Ние ќе го промениме светот’, ми рече.

Време е за револуција. Мисијата е јасна - бесплатна медицина, а целта е да бидеме среќни, здрави и силни, во љубов!“, напиша Бетика.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Бев на забавата по повод 17-тиот роденден на Бекстејџ - Скопје пулсираше од убава енергија“ На Скопје му беше потребен настан од овој тип! Со црвен тепих, тематска забава, ...
Имала 12 бракови, го врати внукот со аутизам кај мајка му и живее сама на село – Животната приказна ... „Имаше страшни моменти додека ги растев ќерките. Се случуваше да јадеме бисквити...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg