Ледената Бетика во шорц се качи на Алпите и го развиори македонското знаме
- Детали
- вторник, 06 февруари 2024
„Радувај се Македонијо, Бетика штотуку ги искачи Алпите во шорц. Исто така, Бетика беше најмладата личност на оваа експедиција! Каков прекрасен ден. Да веруваме во себе, во нашиот потенцијал и сила и да ги рушиме сите граници“, напиша на Инстаграм ледената Македонка, откако го исполни екстремниот предизвик.
Бети Котовчевска од Ресен, позната и како ледената Македонка Бетика, си го исполни сонот и се качи на Алпите во Франција, со експедиција организирана од Вим Хоф, екстремен холандски атлетичар кој во светот е познат како Ледениот човек (The Iceman).
Експедицијата ја предводеше неговиот инструктор Леандре, познат како Леденото момче (Iceboy).
По долгите подготовки во Македонија, каде секојдневно се капеше во студени води на екстремно ниски температури, Бетика имаше подготовки и во Франција, заедно со останатите членови на експедицијата.
Тие учеа техники на дишење, се капеа во вода со мраз, вежбаа и го подготвуваа телото за искачувањето на Алпите.
Откако вчера (05.02) Бетика го заврши екстремниот предизвик и стигна до целта, го развиори македонското знаме.
Таа објави и неколку фотографии и видеа на својот Инстаграм.
„Радувај се Македонијо, Бетика штотуку ги искачи Алпите во шорц. Исто така, Бетика беше најмладата личност на оваа експедиција!
Каков прекрасен ден. Да веруваме во себе, да веруваме во нашиот потенцијал и сила, да се истражуваме себеси и да ги рушиме сите граници.
Денес само си ја гушнав најсилно мојата мала Бети и реков: Успеавме кралице!“
Експедицијата трае до 07-ми февруари, по што Бетика се враќа дома.
Прочитајте и Ледената Македонка Бетика се расплака пред експедицијата на Алпите: Татко ѝ со моторна пила нацрта срце во мразот
А. Ј. | Црнобело