Ксенија Николова: „Позната ми е голготата наречена ин витро оплодување, браво за мајката-херој (61) која роди бебе“

„Верувајте, ин витрото, особено она што е неуспешно по не знам кој пат, преку ноќ се претвора во пекол од кој многумина побегнале, а оваа хероина се борела до крај“, гласи дел од моќната објава на Ксенија Николова, која и самата зад себе има 5 неуспешни обиди за ин витро.

ksenija-nikolova-poznata-mi-e-borbata-i-golgota-in-vitro-oploduvanje-bravo-za-majkata-heroj-61-koja-rodi-bebe-01.jpg

Писателката Ксенија Николова во изминатите години отворено говореше за својата борба со неплодноста и пред јавноста откри дека имала 5 неуспешни обиди за ин витро оплодување, а јавно зборуваше и за биохемиската бременост, пред да каже дека планира целосно да се откаже од третманите и да остави сѐ на случајноста.

Сега, инспирирана од убавата приказна за мајката-херој која роди бебе на 61 година, но и згрозена од некои од негативните коментари за овој прекрасен настан, таа напиша емотивна објава.

ksenija-nikolova-poznata-mi-e-borbata-i-golgota-in-vitro-oploduvanje-bravo-za-majkata-heroj-61-koja-rodi-bebe-05.jpg

Пораката на Ксенија Николова:

„Како некој кому му е одблизу позната борбата и голготата наречена ин витро оплодување, ќе се надоврзам на прекрасната вест за мајката-херој која на 61-годишна возраст на свет донесе бебенце.

Гледајте си ја својата работа и немојте многу да кажувате што е етично, а што не е, што е правилно, а што погрешно.

ksenija-nikolova-poznata-mi-e-borbata-i-golgota-in-vitro-oploduvanje-bravo-za-majkata-heroj-61-koja-rodi-bebe-02.jpg

Прељубата, насилството, измамата, тие се сржта на неморалот, но вам ви е трн во око оваа храбра лавица што не се откажала од својата најголема љубов.

Верувајте, ин витрото, особено она што е неуспешно по не знам кој пат, преку ноќ се претвора во пекол од кој многумина побегнале, а оваа хероина се борела до крај.

Аплауз и глас да не чујам!“

ksenija-nikolova-poznata-mi-e-borbata-i-golgota-in-vitro-oploduvanje-bravo-za-majkata-heroj-61-koja-rodi-bebe-04.jpg

ksenija-nikolova-poznata-mi-e-borbata-i-golgota-in-vitro-oploduvanje-bravo-za-majkata-heroj-61-koja-rodi-bebe-03.jpg

ksenija-nikolova-poznata-mi-e-borbata-i-golgota-in-vitro-oploduvanje-bravo-za-majkata-heroj-61-koja-rodi-bebe-06.jpgфото: Инстаграм

Прочитајте и Ксенија Николова со фотка од болница по 5-тиот неуспешен обид за ин-витро: „Уморна сум од борбата, но јас останувам среќна индивидуа“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Браво! Осамна мурал од Ѓорѓи Колозов во кафуле во близина на Соборна црква Тој нè напушти во 2003 година, но како да беше вчера. Засекогаш ќе ги имаме нају...
Едина Муса го откри името на бебето, Кристина Димитри меша ајвар: Што прават македонските ѕвезди на ... Иван Јованов ужива со сопругата и ќерката Ниа, нашата млада актерка Марија Јанче...
Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...
Ксенија Николова: „Еден месец ќе живеам во француско селце како од сказна, на 1 час со воз од Париз“ „Сместена сум во типично француско мало апартманче, сѐ е во францускиот дух, лок...
Мали хероини: Уште 2 предвремено родени бебиња се изборија за животите (едното родено со тежина од 5... Малата Амела била родена со тежина од само 550 грама во 6-иот месец од бременост...
Македонка ги откри најголемите грешки што ги прави по раѓањето на второто дете, а си ветила дека нем... „Реков нема да го научам бебето да спие во нашиот кревет, но...“, вели Зорица Ни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg