Врчак се огласи по загубата на Андреј од ДНК: „Последната песна ја снимивме неколку дена пред да загине, неговиот глас ме врати во живот“
- Детали
- четврток, 10 април 2025
„До вечерва, не можев ни музика да слушам, ниту да гледам Фејсбук... Ја пуштив последната песна што ја снимавме со Андреј неколку дена пред да загине и неговиот глас ме врати во живот....“ - напиша Врчак, кој долги години соработуваше со дуото ДНК и тие беа единствените кои го вратија на сцена по долгата пауза од музичката сцена.
Раде Врчаковски – Врчак беше добар пријател со дуото ДНК, со кое во минатото соработуваа многу и имаа голем број заеднички песни и настапи.
По неговото долгодишно повлекување од јавната сцена, ДНК беа единствените кои успеаја да го вратат по многу неуспешни обиди, па дури и издадоа заедничка песна која повторно стана хит.
Прочитајте и Врчак со ДНК на концерт во Охрид како во старите времиња – го пречекаа со овации, му посветија песна на Зоки Фаци
По трагедијата во Кочани, во која животот го загубија 61 лице, меѓу кои голем број од членовите на ДНК, како и пејачот на дуото, Андреј Ѓорѓиески, Врчак дури сега за првпат се огласи.
Тој на својот Фејсбук профил ноќеска објави фотка од снимен материјал од нивната последна песна и напиша:
„Последната песна со Андреј… Јас до вечерва не можев да слушам музика, не можев ни на Facebook да гледам ништо…
Уште не можам, уште закрепнувам ама пред малку ја пуштив да ја слушнам последната песна со Андреј што ја снимавме неколку дена пред да загине - кога му го слушнав гласот ме врати во живот.
Цела љубов и позитивна енергија на Андреј ми се врати во душата, а цела тага ми се претвори во уште поголема љубов“.
Врчак сподели и фотографија од ДНК на концертот со ѕвезденото небо од нивната публика и напиша – Засекогаш.
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





