Врчак издаде нова песна со ДНК, по пауза од 15 години - Слушнете ја „Посреќна“ (видео)
„Дами и господа, по пауза од 15 години, повторно со вас. Слободно кажете им на сите дека Врчак се врати“, пишува во најавата за новата песна на ДНК и Врчак – „Посреќна“ – која е објавена денес.
Врчак, во соработка со Андреј и Панчо од ДНК, издаде нова песна по цели 15 години пауза.
Песната насловена „Посреќна“ беше најавена пред околу еден месец и им разбуди носталгија на фановите, потсетувајќи ги на минатото и хитовите што ги помниме до денес.
фото: Фејсбук
„Дами и господа, по пауза од 15 години, утре повторно со вас: Диџеј Шорти ПИ ака Панчо, Андреј ДНК, Врчак…
Слободно кажете на вашата девојка/дечко, сестра/брат, другар/другарка, мајка/татко дека Врчак is back (се врати)“, пишува на вчерашна објава на Фејсбук профилот на ДНК.
фото: Фејсбук
Од коментарите на Фејсбук е повеќе од очигледно дека и покрај долгата пауза, Врчак има армија верни фанови кои со нетрпение чекаа да се врати на музичката сцена.
фото: Фејсбук
Познатиот музичар најави и други песни:
„Наскоро ќе излезат две преубави песни (една со Антониа и една со Барбара), а потоа една со Ламбе, па уште една со Андреј и Панчо, а ќе има и други нови“, пишува Врчак на Фејсбук.
„Посреќна“ е објавена денес, 19-ти ноември, и можете да ја слушнете во продолжение:
Спирова С. | Црнобело