Врчак со ДНК на концерт во Охрид како во старите времиња – го пречекаа со овации, му посветија песна на Зоки Фаци
- Детали
- вторник, 30 јули 2024
Врчак беше громогласно пречекан од публиката, која по 14 години за првпат имаше можност да присуствува на негов концерт. Заедно со ДНК испеаја голем број од нивните најпознати хитови и нè вратија во старите добри времиња…
Синоќа (29.07) ДНК и Врчак направија концерт на плажата Golden Beach во Охрид и нè вратија на некои убави стари времиња, кога во еден глас ги пеевме нивните најголеми хитови.
По 14 години, музичкото трио пред публиката во Охрид застана и испеа во живо некои од хитовите, додека публиката во еден глас пееше заедно со нив.
„Што сака нека биде“, „Таа тоа го крие“, „Навлечен на тебе“…
Ова се само некои од најголемите хитови кои ја кренаа публиката на нозе и нè потсетија на добрите забави од минатото.
На почетокот на концертот Андреј и Панчо од ДНК го поздравија и му посветија песна на нашиот познат новинар Зоран Василевски, попознат како Зоки Фаци, кој беше присутен во публиката.
Зоки во последен период се соочува со сериозни здравствени проблеми и се бори со рак, откако во минатото двапати беше опериран, а на почетокот на месецов повторно информира дека и по третпат ќе ја води истата битка.
Андреј и Панчо јавно ја повикаа публиката да му даде поддршка и да му испрати убава енергија.
„Оваа нумера се вика ’Стојам сам‘, а нам многу ни е драго кога не сте овде сами…
Оваа песна сакам да ја посветам на еден долгогодишен наш пријател, одличен новинар кој знае да направи добри теми за таблоидите, но во последно време животот не му се насмевна баш.
Ама, тогаш сфаќате дека имате многу добри пријатели и другари и тогаш сфаќате колку луѓето ве сакаат и ве ценат. Сакам да го поздравиме Зоки Фаци, кој вечерва е со нас.
И треба да му ја пуштиме најубавата енергија. Фала што дојде… И покрај сè со што се соочуваш, ти си голем борец и многу голем пријател“ – му порача Панчо на Зоки.
Зоки го сподели емотивниот момент на својот Инстаграм профил, а јавно се заблагодари на поддршката преку Стори.
Откако Андреј и Панчо отпеаја повеќе нивни хитови, на сцената беше повикан и Раде Врчаковски Врчак, а публиката со овации и громогласен аплауз го поздрави неговото враќање на сцената по цели 14 години.
„Кога ќе кажам јас Раде, вие викате Врчак, може?!“ - Панчо ја повика публиката да го поздрави враќањето на сцена на нивниот долгогодишен соработник, со кого направија голем број хитови.
Зоки Фаци, пак, сподели негова заедничка фотка со Врчак и до неа напиша:
„Се немавме видено 10 години и кусур. Врчак мојот стар пријател!“
За потсетување, по долгогодишно прозивање од публиката, Врчак на крајот на минатата година, повторно се врати на сцената и заедно со ДНК ја објави песната „Посреќна“, а за следната есен има најавено нови песни и хитови.
Б. С. Б. | Црнобело