Фан на ДНК за повредените членови: „Панчо те чекам на гушкање, Горан не се давај мали - ќе ти попуштам на фудбалчиња“
- Детали
- петок, 21 март 2025
„По долги години обожавање на ДНК конечно дојде на ред да ве видам во живо. На прво гледање, со залет тргнав и со раширени раце да те гушнам (се мисли на Панчо). Ме виде, рашири раце да се гушнеме... како да се знаеме од мали“, пишува Снешка Трајковска, која живее во мало место во Германија, за некогашната прва средба со нив.
Снешка Трајковска, Скопје го замени со селото Петралица, кривопаланечко, но потоа и Македонија комплетно ја замени со Германија.
Таа, сега со семејството, живее во местото Нојкирхен Флин, за кое вели „Мојата мала средена Паланка“.
Снешка на Фејсбук е потпишана како „Огнените Ѕверови на Дамјана“ и на овој профил, каде има повеќе од 16.000 следбеници проговори за својата прва срдеба во живо со ДНК, но и се помоли за закрепнување на Панчо од ДНК, како и гитаристот Горан Тонев.
За Панчо таа напиша:
„По долги години обожавање на ДНК конечно дојде на ред да ве видам во живо.
На прво гледање, со залет тргнав и со раширени раце да те гушнам (се мисли на Панчо). Ме виде, рашири раце да се гушнеме... како да се знаеме од мали.
Така гушнати само ти кажав на уво:
- Јас сум Снешка...
Тоа е запознавање во наш стил.
Те чекам на гушкање, како да се знаеме од мали.
Те молам немој да ме кршиш... Доволно беа удари... Доста беше“.
Таа посвети објава и на гитаристот на ДНК Горан Тонев, за чија здравствена состојба нема точни информации.
Нејзината објава за Горан Тонев:
„Мали... Не се давај.
Знам дека е крш, знам дека е тешко, ама без тебе ќе е потешко...
Горан Тонев те чекам на фудбалчиња.
Ќе ти попуштам да победиш ако треба... Ќе ти попуштам и да не треба, само издржи и врати се“.
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





