Луди работи кои ги правевме во времето на „Млади бунтовници“ (денешните деца нема да ги разберат)
Праќавме СМС пораки за да ни стигне кратка содржина за новата епизода, собиравме постери и сликички, решававме квизови за нив во весници и имавме ЦД-ња што уште ги чуваме, а 20 години подоцна, им ги знаеме во сон песните и посакуваме да одиме на некој од нивните концерти на турнејата на Erreway во 2025. Да, иако имаме повеќе од 30 години...
Денешните деца никогаш нема да можат да ја разберат лудата возбуда која ја имавме во минатото за тинејџерските серии како „Млади бунтовници“ која направи бум кај нас и во целиот свет.
Не затоа што не може да бидат „затрескани“ толку многу во некој филм или серија, туку затоа што едноставно времињата се променети и не постои веќе ништо од она што го создаваше шмекот на минатото.
Весници со кратки содржини од сериите кои беа хит, собирање постери и ЦД-иња кои се добиваа со купување весник, немаше опции за враќање или снимање ако го пропуштиш терминот на епизодата, а да не зборуваме за тоа што не знаеме ниту како да го објасниме поимот телетекст на старите телевизори...
Прочитајте повеќе: Постери и наградни прашања од времето кога нè држеше возбудата за Млади Бунтовници
Имаше некоја посебна магија во тоа време, кога сите млади бевме луди по „Млади бунтовници“ и омилените Миа, Мануел, Пабло и Марица.
Сега, 20 години подоцна, истиот состав, но без Миа (Луисана Лопилато) под старото име на групата „Еrreway“ има светска турнеја, а концертот во Атина најавен за 9-ти јули, се распродаде за само 3 часа.
Уште сме фанови и после толку време, а во продолжение некои од најлудите работи што ги правевме:
- Се нервиравме кога не сме дома во терминот кога се емитуваше нова епизода или за репризата ако не сме ја изгледале премиерата
- Решававме квизови во весник поврзани со серијата за наградна игра
- Собиравме постери со ликовите од серијата кои ги даваа во весници и ги лепевме по ѕидови
- Купувавме ЦД-иња со песните од нивните два албума (и до ден-денес ги чуваме во автомобил)
- Собиравме албум со сликички од серијата, но и детска пошта (со нив и останатите хит теленовели)
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





