Кога стана толку безобразно скапо да се излезе на „пијачка“ во Скопје?

Јас сум од времето кога џин-тоник беше 60 денари, шише пиво се продаваше за 50, а коктелите чинеа 100-120 денари. Денес кога ќе стигне сметката, имам чувство дека плаќам како да седам во некоја од најскапите европски метрополи... 

koga-stana-tolku-bezobrazno-skapo-da-se-izleze-na-pijachka-vo-skopje-01.jpg

Излегувањето „во град“ со пријателите стана вистински луксуз. Не само за мене, туку и за повеќето луѓе кои живеат во Скопје, а имаат просечна плата.

Кога ќе ја видам сметката се прашувам дали сум „седната“ во Скопје или во некое од најскапите кафулиња во Лондон, Осло, Копенхаген...

koga-stana-tolku-bezobrazno-skapo-da-se-izleze-na-pijachka-vo-skopje-04.jpg

Цените се толку многу кренати, што, искрено, понекогаш двапати размислувам дали да излезам на кафе или пијалак со пријателите, или да бидам досадна и по милионити пат да им предложам прошетка низ парк и кафе за носење (кое се продава за пристојни 50 до 100 денари).

Верувам дека многумина се нашле во иста ситуација, да не сакаат да „фрлаат“ пари на скапи пијалаци.

Колку пати едно излегување на пијалак ве чинело колку оброк во ресторан?

Имајќи предвид дека има коктели кои се по 350-400 денари, слободно ќе кажам - премногу! 

koga-stana-tolku-bezobrazno-skapo-da-se-izleze-na-pijachka-vo-skopje-11.jpg

Цените на пијалаците во кафулињата и рестораните се безобразно скапи. И не можете да кажете дека не сум во право.

Јас сум од времето кога џин-тоник беше 60 денари, шише пиво се продаваше за 50, а коктелите чинеа 100-120 денари.

Точно, поминати се години, инфлации, економски кризи, скапи се кириите за држење локал, уште поголеми се сметките за струја, а треба да се обезбедат и плати за вработените.

Го разбирам сето тоа. Стварно го разбирам.

koga-stana-tolku-bezobrazno-skapo-da-se-izleze-na-pijachka-vo-skopje-10_copy.jpg

Но, лажичка кафе и понатаму е само лажичка кафе, и не е ништо поразлична денес од она што беше пред 10 години. Па дури и пред само две години.

Кога стигнавме до тоа за еспресо (кое е половина голтка во мала шолја) да плаќаме 100 денари?

Или за нес-кафе 160 денари (ако седнеме во маалско кафуле) или повеќе ако седиме на некое „извикано“ и популарно место?

Пред само 2 години голема кригла точено пиво беше 100-120 денари.

Денес, ми се чини, нема локал каде што е поевтино од 150 (некаде е и над 200 денари).

Џин-тоникот не сакам ни да го спомнам, особено што повеќето угостители веќе не го служат во чаша, туку носат одделно џин, а одделно шише со тоник и ги наплаќаат посебно.

Па, после се чудите зошто ви стига сметка од 300+ денари?! 

koga-stana-tolku-bezobrazno-skapo-da-se-izleze-na-pijachka-vo-skopje-09.jpg

А што е со цената на коктелите? Ако пред некоја година аперол-шприц беше 150-160 денари, денес не сум видела мени во кое е под 200 денари (или има, а јас излегувам на погрешни места).

Чаша наливно вино чини колку еден десерт, па прашањето е што е поисплатливо - да ги „изедете или испиете“ парите?

Понекогаш добивам желба да седнам во автомобилот и да отидам на кафе или пијалак во Велес, Тетово, Куманово или Гостивар.

Не дека ќе ме чини помалку со бензинот и патарините, ама кога ќе ги видам цените во сите останати градови и ќе ги споредам со Скопје, ми се врти во главата.

koga-stana-tolku-bezobrazno-skapo-da-se-izleze-na-pijachka-vo-skopje-06.jpeg

Цените се „скокнати до небо“, а од друга страна, локалите се секогаш полни, па можеби само имам погрешна перцепција за работите.

И сигурна сум дека ни јас, а ни вие, никогаш нема да се откажеме од задоволството да излеземе со пријателите на по едно пиво или ладно макијато.

Ама тоа не значи дека (меѓу себе) нема да „мрчиме“ кога ќе стигне сметката, ха, ха.

koga-stana-tolku-bezobrazno-skapo-da-se-izleze-na-pijachka-vo-skopje-05.jpg

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Тијана Дапчевиќ за CRNOBELO лексикон: „Му скршив заб на девојче во петто одделение“ „Kога сум била во градинка, на 4-5 години, сум зела вазна со вода, сум се полила...
„Намерно се запуштав за да не излезам од дома, Скопје ме гушеше - едвај се извлеков од депресијата“ „Не миев коса со денови за да имам изговор - кај да одам со мрсна коса? Нок...
Кога си го возам бебето во количка низ Скопје ми требаат „супер моќи“ Постојано се качувам и симнувам од тротоар поради паркирани автомобили, правам р...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg