Скопје мое! Те сакам тебе и твоите липи на Партизанска, јапонски цреши на Максим Горки и калдрмата во Чаршија

Ах, тие твои магични кафулиња на секое ќоше, сончевите денови, Воднооо, Градскиот парк, кој ми е храм за душава, Матка, гордоста наша пред светот и да, ти си мој роден град и роден град на моето дете и ниту еден друг не може да те замени...

skopje-moe-te-sakam-tebe-i-tvoite-lipi-na-partizanska-japonski-creshi-na-maksim-gorki-i-kaldrma-vo-charshija-01.jpgфото: приватна архива

Скопје те сакам:

Поради мирисот на липите на Партизанска...

Поради расцветаните јапонски цреши на пролет на Максим Горки...

Поради калдрмата во Старата скопска чаршија, која приказни раскажува...

Поради Градскиот парк, кој е храм за душата...

Поради велосипедските патеки на кејот на Вардар...

Поради магичните кафулиња со по неколку маси на секое ќоше...

Но, и преполните кафеани во секој ден од седмицата...

Поради населбите каде уште урбанизацијата не го уништила зеленилото, локалните игралишта и клупите на кои се потпишани стари љубови (С+Б)...

Поради Водно, ах колку ни е блиску, а како релаксира...

И не само за планинарање, туку и за лабави седенки и чиа пудингот за појадок таму, како и грееното винце за ноќните забави...

Поради тоа што си мој роден град и роден град на моето дете и ниту еден друг град на светот не може да те смени...

Поради огромниот број на сончеви денови во годината....

Поради тоа што имаш населби како мојата и си урбано и кул со тон локали само што ќе излезам од влез...

Поради градските фаци кои живеат во тебе и со своите приказни (за CRNOBELO.com) прават одново да се вљубиме во тебе...

Поради тоа што не си ниту премал, ниту преголем – туку си совршен за мене...

Поради тоа што во тебе сосема спонтано си ги среќавам и другарките од забавиште и учителката од градинка...

Поради тоа што само еден град на светот има улици за моите чекори... („Ова е само наше Скопје“ и уште 10 песни посветени на нашиот град)

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кога сакам да не се нервирам, си велам „Ало, не е на татко ти“ Кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“ ил...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
„Намерно се запуштав за да не излезам од дома, Скопје ме гушеше - едвај се извлеков од депресијата“ „Не миев коса со денови за да имам изговор - кај да одам со мрсна коса? Нок...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Кога си го возам бебето во количка низ Скопје ми требаат „супер моќи“ Постојано се качувам и симнувам од тротоар поради паркирани автомобили, правам р...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg