Урбан лик: Нешо од Скопје на 64 години е Твитерџија, тркач, скијач, вози мотоцикл и е дедо за медал (фото)

Ги знаете оние луѓе кои зрачат со страст и љубов кон животот, а за кои годините се само бројка? Нешо, односно Ненад Костовски, од Скопје е токму таков! Вози Дукати, на Твитер е постојано активен, вели дека омилен „гаџет“ му е внуката Ирис, а ако се заглавите со моторна санка во Маврово, најверојатно токму тој ќе ви помогне.

urban-lik-nesho-od-skopje-na-64-godini-e-tviterdjija-trkach-skijach-vozi-motocikl-i-e-dedo-za-medal-foto-01.jpg

Има нешто посебно во луѓето за кои годините се само бројка, кои грабаат од животот како да нема утре и за кои секој ден е посебна пригода.

Нешо, односно Ненад Костовски, од Скопје е токму таков. На 64 години овој пензиониран архитект и сопственик на два локали е полн живот, има заразна енергија и доминира во друштвото каде и да се појави.

urban-lik-nesho-od-skopje-na-64-godini-e-tviterdjija-trkach-skijach-vozi-motocikl-i-e-dedo-za-medal-foto-25.jpg

Вели дека по националност е Југословен и дека мото му е постојано да е во движење. „Мавровски мерак“ во Маврово и „Света Софија“ во Охрид се негови локали, а во Скопје омилени за дневна доза релаксација вели дека му се „Круг“ и „Рустикана“.

urban-lik-nesho-od-skopje-na-64-godini-e-tviterdjija-trkach-skijach-vozi-motocikl-i-e-dedo-za-medal-foto-02.jpg

Секој да посака да биде пензионер како него, денот му почнува со шолја добро мока (кое можете да го видите секој ден измеѓу 10-12 ч на неговиот Твитер профил), па почнува неговата приказна.

urban-lik-nesho-od-skopje-na-64-godini-e-tviterdjija-trkach-skijach-vozi-motocikl-i-e-dedo-za-medal-foto-17.jpg

Тој на свои 64 години со заминување во пензија не престaнува да го живее животот во духот на 20-30 годишен човек. Иако пред извесен период по тешка борба ја изгуби неговата сопруга, тој никогаш не потклекнува и покажува дека животот продолжува и треба да го сакаме секој ден што ни е даден. 

urban-lik-nesho-od-skopje-na-64-godini-e-tviterdjija-trkach-skijach-vozi-motocikl-i-e-dedo-za-medal-foto-05.jpg

Нешо е од оние луѓе кои без ни малку труд стануваат ѕвезди во друштво и кои долго ги паметите и за кои на другите им раскажувате дека сакате да бидете токму такви кога ќе „пораснете“.

Тој е посветен дедо на својата внука Ирис, актуелен Твитерџија, зависник од брзина и адреналин и вљубеник во зимски спортови.

urban-lik-nesho-od-skopje-na-64-godini-e-tviterdjija-trkach-skijach-vozi-motocikl-i-e-dedo-za-medal-foto-06.jpg

Роден е во скопската населба Влае, но за „неговото“ Маврово душа дава и секој слободен миг го користи за престој токму таму. Омилен „гаџет“, како што милува да каже, му е внуката Ирис и вели дека ретко минува ден без да ја види.

Доколку не е задолжен да го чува неговиот омилен гаџет (внуката Ирис) веќе е спремен на мотоцикл да посети некое од скопските кафулиња и да го прошири социјалниот круг.  

urban-lik-nesho-od-skopje-na-64-godini-e-tviterdjija-trkach-skijach-vozi-motocikl-i-e-dedo-za-medal-foto-16.jpg

Нешо за CRNOBELO.com открива како стана твитерџија на почетокот од 7-мата деценија на животот...

„На Твитер сум актуелен повеќе од 2 и пол години и таму запознав тон прекрасни луѓе. Го отворив профилот кога мојата сопруга се разболе, а ние останавме затворени дома, повеќе не шетавме како порано и Твитер ми стана главен издувен вентил.

Потоа, за жал, ја изгубив мојата животна сопатничка и втора половина, па го избришав и профилот. Но, живеењето сам во време на пандемија и карантини не е едноставно, па се активирав одново на Твитер и тоа ми беше психички спас.“

Инаку, Нешо бил во брак 38 години со својата 3 години помлада сопруга Буца, за која со задоволство ми раскажа дека првиот состанок и првиот бакнеж им биле токму во Маврово. Двајцата, како огромни љубители на снегот се враќале одново и одново таму.

urban-lik-nesho-od-skopje-na-64-godini-e-tviterdjija-trkach-skijach-vozi-motocikl-i-e-dedo-za-medal-foto-10.jpg

Нешо има викендичка во Маврово повеќе од 30 години. Буца пак потекнува од многу познато семејство на архитекти, кои исто така го обожавале Маврово. Инаку, се запознале како колеги на Архитектонскиот факултет.

Круна на нивната љубов им се нивните две ќерки. Едната е на возраст од 35 години, а другата на возраст од 37 години.

urban-lik-nesho-od-skopje-na-64-godini-e-tviterdjija-trkach-skijach-vozi-motocikl-i-e-dedo-za-medal-foto-09.jpg

Продолжува на следната страна....



Би можело да ве интересира:

Урбан лик: Ќазим Асотиќ од Скопје е кавалер од стар ков и маж со елегантен моден стил „Никогаш не излегувам од дома без часовник, машки голем прстен, вратоврска и мар...
Вирџинија од Скопје е девојка со уникатен моден стил – шарени стајлинзи, сина коса и нокти во сите б... „Косата ми е сина веќе 7 години и е ‘морето во мене’. Облекувањето за мене е заб...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg