Урбан лик: Нешо од Скопје на 64 години е Твитерџија, тркач, скијач, вози мотоцикл и е дедо за медал (фото)
Повеќе детали за животот на Ненад:
Основното образование го започнува во Скопје, но поради природата на работата на неговиот татко се селат во Италија во Милано и таму го завршува основното образнование.
Бидејќи не го знаел италијанскиот јазик и му било тешко да се вклопи, најчесто бегал од часови и ги посетувал миланските музеи. Неговиот татко бил шумарски инженер.
По завршување на основното образование, каде италијанскот јазик му станува мајчин јазик, се враќаат во Скопје каде се запишува во средното училиште Орце Николов, но набрзо повторно се селат во Истанбул, Tурција, каде го продолжува своето образование во италијанска гимназија.
Истанбул 1974 година
По завршувањето на гимназија се враќа повторно во Скопје и се запишува на Архитектонскиот факултет, но семејството повторно се сели во Берлин, Германија.
Односно во тој период источен Берлин, каде успева да се запише на престижниот факултет за архитектура Баухаус. Но каков и што е сега, исполнет со живот и со пријатели, забавата му е послaтка отколку факултетот, па си го зема данокот.
Берлин 1978 година
Тој секогаш кажува одлучив да се вратам во Скопје бидејќи тука ми е домот и гравчето и ракијата.
Па, се враќа во Скопје и ги завршува студиите по архитектура, каде што и ја запознава неговата сопруга Вера Маркова (Буца).
Со заеднички сили дипломираат на Факултетот за архитектура, прават свадба (неконвенцијална или простокажано една од најдобрите журки во Скопје во 80-тите, каде по кажувањата цела журка не снемало мраз), се раѓа првото дете и Нешо заминува во војска.
Како кај сите луѓе животот носи убави и лоши случки, но начинот на кој се справуваме со нив нè прави различни.
Нешо е човек кој од секоја ситуација знаел да го извади најдоброто, иако со второто дете (кое е родено со ретка болест) поголем дел од животот го поминуваат по болници, никој во ниеден момент не почуствувал дека се тажно семејство. Животот за нив секогаш бил исполнет со боја.
Нешо и Буца правејќи ги сите активности заедно со децата, ги научија да возат ролери, да скијаат, спорт кој сè уште го практикува секогаш кога е во можност.
Неговиот живот никогаш не е здодевен, посебно што поголемиот дел од него го поминува во Маврово.
Маврово 1977 година
Покрај уживањето во возењето на АТВ четирицикл тој е и еден од најдобрите познавачи на оф роуд патеките на планината Бистра, па често е повикуван да биде дел од најразлични групи на возачи, во сите годишни периоди.
Санторини 1981 година
Повеќе фотографии од Ненад:
© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело