„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“

„Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето, а домот ми беше беспрекорно чист... Се прашувам зошто јас не можам да се грижам за моето семејство како мајка ми. Дали нешто пропуштам?“

koga-majka-mi-dojde-na-gosti-mi-gi-zgotvi-site-omileni-jadenja-i-domot-mi-beshe-besprekorno-chist-01.jpg

Кога мајка ми ми дојде на гости…

Ми ги зготви сите омилени јадења. Со часови си играше со моите деца.

Отиде до продавница и ми купи омекнувач за облека, тоалетна хартија и хартиени бришачи. Го прошета кучето.

И куќата беше беспрекорно чиста.

Мајка ми секогаш прави работите да изгледаат многу… лесно. Секојпат кога доаѓа на гости.

И, не само што прави сè, туку го прави со толку многу радост.

Нема да лажам – на почетокот не бев сигурна како да се чувствувам во врска со сето ова. Дали нешто пропуштам? Зошто не можам да се грижам за моето семејство како што мајка ми се грижи за моето семејство?

Мислам дека еднаш ѝ реков нешто слично, поради неверување и малку завист, и таа се сврте кон мене и ме прекина.

Ова е разликата, ме потсети, помеѓу мајчинска грижа за дете и мајчинска грижа за друга мајка.

koga-majka-mi-dojde-na-gosti-mi-gi-zgotvi-site-omileni-jadenja-i-domot-mi-beshe-besprekorno-chist02.jpg

Сега треба да се грижам за деца. Секој ден ми е посветен во грижата за нив, да бидам сигурна дека се среќни и здрави и безбедни.

Секој ден ги будам, ги облекувам, ги хранам, ги носам на училиште, ги носам на лекар, ги носам на разни активности, ги терам да напишат домашна, ги подготвувам за спиење.

Секој ден сум одговорна не само за нивните физички потреби, туку и за менталните и емоционалните – им помагам да си ги регулираат чувствата, ги тешам кога се загрижени и исплашени, им помагам да ги решат недоразбирањата, ги учам да поставуваат граници и им покажувам како да функционираат во овој свет.

Покрај сите други работи што треба да ги правам за да го одржам домаќинството.

Мајка ми завршила со овие обврски. Поради тоа, сега може да ги прави забавните работи.

Поради ова, им попушта на моите деца за работи кои јас како мала не би ни помислила да ги направам.

Поради ова може да ги опсипува со љубов и подароци и да замижи на нивните недостатоци и да има енергија да се погрижи за сè останато.

Бидејќи, таа не мора да ги тера да си го изедат зеленчукот. Не мора да ги дисциплинира. Не мора секој ден да ми ја чисти куќата или да готви за децата. Не мора секој ден да ја исполнува секоја физичка и емоционална потреба на моите деца.

koga-majka-mi-dojde-na-gosti-mi-gi-zgotvi-site-omileni-jadenja-i-domot-mi-beshe-besprekorno-chist-03.jpg

Па, кога доаѓа на гости, ги прави сите овие работи за нас. Со радост.

Бидејќи, многу добро помни како е да се биде зафатена мајка со две деца и колкав товар може да биде тоа. Помни колку било тешко, колку биле долги деновите, колку било заморно.

Па, ако може да ме ослободи од тој товар макар и на миг, ќе го направи тоа без двоумење.

И бидејќи, па… полесно е да правиш некои работи кога не мора да ги правиш постојано, секој ден.

Но, најмногу од сè, знам дека го прави сето ова бидејќи многу, многу ме сака.

И иако можеби завршила со мајчинската грижа за деца, сега ја покажува мајчинската грижа кон друга мајка.

Извор

Би можело да ве интересира:

Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg