Лошите луѓе на секого ќе му најдат мана

loshite-lugje-na-sekoj-kje-mu-najdat-mana-01.jpg

Сите ние самите имаме способност да одлучиме како ќе се чувствуваме секој ден, но, за жал, многумина од нас се чувствуваат заробено во своите стари навики да мислат дека се несреќни и да гледаат на црната страна на животот.

Кога и да можете, изберете да живеете во љубов, а не во страв. Секогаш трудете се да го дадете најдоброто од себе и запомнете – другите не се виновни за вашите проблеми, престанете да го насочувате прстот кон нив.

Ваша сила и моќ се во вас и никој не ве спречува да истражувате, да се забавувате и притоа да уживате во животот.

Спијте мирно и бидете промената која сакате да ја видите во светот. Сè започнува од нас.

Престанете да се гледате како жртва и преземете комплетна одговорност за своите соништа.

Во вашиот живот вие сте и сценарист и режисер и главна улога.

Размислете дали често претерано се оптоварувате?

Дали постојано барате повеќе и се обидувате сè да контролирате? Дали често си давате негативни прогнози?

Ајде почнете да верувате во себе, а секој проблем да го гледате како можност за раст и развој.

Фокусирајте се на она што го имате, наместо на она што го немате.

Верувале или не, најтешка задача на луѓето е да преземат одговорност за својот живот. Но, животот знае убаво да изненади, само ако забавите малку и му дадете шанса.

И запомнете дека универзумот е пријателско место, ако вие верувате така.

Ако не верувате, тогаш ништо не може да ви помогне, па затоа прилагодете се на светот и не очекувајте тој да се прилагоди на вас.

Не градете ѕидови околу себе, туку мостови и животот секогаш ќе ве одведе до нешто подобро.

Секоја личност што ќе ја запознаете знае барем една работа која вие не ја знаете, па не дозволувајте да не ја научите од неа.

Станете подобар човек така што во вас ќе пронајдете љубов за сите луѓе на светот.

Не им ги гледајте маните на луѓето, туку доблестите и така самите себеси ќе си го направите светот подобро место за живот.

Извор фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
„Елката што ја украсуваме секоја година е многу стара, но за мене е посебна“ „Оваа елка е стара и има видено многу работи и многу ја сакам. Не би ја заменила...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg