Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе живеат вечно“

Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а раната во срцето никогаш нема да зарасне...

emotivno-pismo-do-site-shto-gi-zagubile-roditelite-zboruvajte-za-onie-shto-zaminale-taka-tie-kje-zhiveat-vechno-01.jpg

Сите ние се плашиме од тие два дена во нашиот живот. Денот кој дефинитивно ќе дојде, колку и да се трудиме да не размислуваме за него.

Денот кога мајка ти ќе замине. Денот кога татко ти ќе замине.

Намерно не го пишувам зборот „умре“. Затоа што нашите родители никогаш не умираат.

Тие си заминуваат, да. Престануваат да бидат покрај нас, да. Но, тие не умираат. Исто како што ни вистинската љубов никогаш не умира.

Ако ги читате овие зборови во моментов, можеби знаете за што зборувам.

Без разлика дали сте ги загубиле татко ви или мајка ви пред многу години, или тоа се случило неодамна, вашиот живот веќе е поделен на два дела: „пред“ и „потоа“.

Празнината што се создаде во срцето и понатаму е таму, и од неа нема спас. Со текот на времето, болката ќе почне постепено да се намалува, но никогаш нема да исчезне целосно.

Едноставно ќе научите да живеете со неа. Да се радувате на животот и да се смеете гласно со таа празнина во срцето.

И тоа е нашата судбина. А токму тоа најмногу би го сакале и нашите родители - да знаат дека сме живи, да знаат дека сме успеале, да знаат дека го продолживме нивното постоење на оваа Земја. Тоа значи дека не било сè залудно.

Да се изгуби родител е едно од најтешките искушенија во животот. Дури и да сте се карале често со нив, тоа не ги прави работите полесни.

Боли исто како и кај оние кои биле блиски со родителите, поминувале многу време со нив и им се јавувале секој ден.

Во тој момент ги губиме оние кои што биле со нас од првите денови на животот, онаа во чие тело пораснавме од ситна „точка“ до слатко бебе. Да го прифатите тоа е многу тешко.

Вашите родители се првите луѓе што сте ги виделе на овој свет. Ве научиле да зборувате, да одите, да држите лажица во рацете, да читате, да пишувате... Токму тие ве обликуваа во она што сте денес.

Вашите родители не биле светци. Но не сте ниту вие, ниту сите други луѓе на Земјата.

emotivno-pismo-do-site-shto-gi-zagubile-roditelite-zboruvajte-za-onie-shto-zaminale-taka-tie-kje-zhiveat-vechno-02.jpg

Сепак, се труделе колку што можат да ви го направат пријатен престојот на овој свет, да ве научат да преживеете во него, да се борите и да станете достојни луѓе.

Дали секогаш ја правеле вистинската работа или не, тоа е друго прашање.

Но, едно може да се каже со сигурност - тие биле подготвени да го дадат својот живот за вас. Без секунда двоумење. Без жалење за ништо и со насмевка на лицето.

Страдале и се бореле за вас како никој друг на светот. Без оглед на вашите уверувања, без разлика дали верувате во Бог или не, факт е дека сега, кога тие веќе не се на овој свет, не можат физички да ви помогнат.

Личностите кои секогаш биле покрај вас и правеле толку многу за вас - сега се слободни. Од сè. Дури и од таа борба за вас...

Многу е тажно што животот ни е ваков: мораме да се збогуваме со нашите најмили и најсакани. Со оние на кои им бевме центар на универзумот.

Но, никој не може да го избегне тоа. Таа болка треба да ја доживееме до крај.

Дури и кога ќе ви биде подобро, таа повремено ќе се враќа - со омилената песна што случајно ќе ја слушнете на улица, со старите чаши од татко ви што ќе ги најдете во плакарот, со омилената шолја за кафе на мајка ви...

А најмногу ќе ве боли за време на празниците, кога најсилно чувствувате дека немате кај кого да отидете на гости.

Кога ќе сфатите колку ви недостигаат семејните собири, истите оние кои некогаш ве заморувале и изгледале толку здодевно.

Ќе мора да го научите тоа - да живеете без нив. Но, да живеете и на тој начин што тагата нема да ви го засени животот и тој ќе биде таков каков што би сакале тие - среќен.

Вашите мајка и татко не би сакале да плачете со години и да не се радувате на животот откако нив ќе ги нема.

Личноста која толку многу ви значела, сигурно би сакала нешто сосема друго за вас: да продолжи да живее, секој ден да открива нешто ново и убаво.

Затоа што тоа била целта на нивниот живот на Земјата - нивното дете да биде среќно. Затоа во никој случај не смеете да ги изневерите.

emotivno-pismo-do-site-shto-gi-zagubile-roditelite-zboruvajte-za-onie-shto-zaminale-taka-tie-kje-zhiveat-vechno-03.jpg

Радувајте се на секој момент од животот, на секоја нова зора. Не заборавајте дека и сега кога родителите не се покрај вас, тие се и понатаму присутни.

Како и да го наречете тоа: паралелни светови, светло сеќавање во душата или на некој друг начин, суштината е иста - вашите родители се секогаш со вас.

Не можете да ги видите, не можете да ги слушнете, но секогаш го чувствувате нивното присуство.

Не тагувајте сами. Споделете ја вашата тага со другите членови на семејството. Верувајте, не сте единствените на кои им е толку тажно и болно.

Сетете се на убавите времиња, барајте поддршка едни во други. Тоа многу помага. И може да помогне многу повеќе отколку што ви делува на прв поглед.

Разговарајте за оваа тема и со вашите пријатели, колеги. На сите ни е судено порано или подоцна да поминеме низ ова искуство, а вие ќе се изненадите колку е полесно кога ќе го споделите со некого.

Таков е животот: сите поминуваме низ такви тешки искушенија, а поддршката од другите луѓе многу помага.

Нашиот престој на Земјата е многу краток, но можеме да го продолжиме животот на оние кои заминале ако ги чуваме нивните спомени во нашите срца.

Разговарајте за нив со вашите деца, внуци. Сетете се на саканите за време на семејните прослави и веселби.

Понекогаш, кога ќе чувствувате како да се таму - само пружете рака. Таков е парадоксот на нашиот живот - остануваме дури и откако ќе заминеме. Во сеќавањата. Во срцата. Во душите.

Ако секогаш се сеќавате и зборувате за оние што заминале - тие ќе живеат вечно.

Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а раната во срцето никогаш нема да зарасне.

Не дозволувајте тагата да ве повлече и да го засени сонцето. Избришете ги солзите, погледнете низ прозорецот - животот продолжува.

Родителите, за ништо на светот, не би сакале да плачете и да не му се радувате на животот. Тие се вашиот извор на живот и радост.

Ве донесоа на овој свет за да го направите подобар и да ве усреќи. Не ги изневерувајте.

Извор

Би можело да ве интересира:

Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg