Пиела 90 лаксативи навечер за да биде слаба: Тажната смрт на првата славна личност која починала од анорексија, Карен Карпентер

Карен Карпентер, вокалистката и тапанарката од дуото The Carpenters, почина на само 32-годишна возраст од анорексија. Кога била примена во болница, тежела помалку од 40 килограми и иако забележла подобрување, штетата од нарушвуањето била преголема.

piela-90-laksativi-navecher-za-da-bide-slaba-tazhnata-smrt-na-karen-karpenter-prvata-slavna-lichnost-koja-pochinala-od-anoreksija-0.jpg

Карен Карпентер беше вокалистка на популарното дуо The Carpenters.

Бендот го основала со нејзиниот постар брат Ричард.

До денес, Карен останува запомнета како еден од најдобрите вокали од Америка, додека магазинот Rolling Stone ја стави на листата на 100-те најдобри пејачи на сите времиња.

piela-90-laksativi-navecher-za-da-bide-slaba-tazhnata-smrt-na-karen-karpenter-prvata-slavna-lichnost-koja-pochinala-od-anoreksija-07.JPG

Карен беше и тапанарка во бендот, па покрај гласот, се истакнуваше и со својот инструмент.

И, до денес честопати ја споредуваат со најдобрите тапанари во светот.

Но, Карен се бореше и со анорексија и е една од првите познати личности кои ја изгубиле битката со нарушувањето.

Почина во 1983-та, на само 32-годишна возраст.

piela-90-laksativi-navecher-za-da-bide-slaba-tazhnata-smrt-na-karen-karpenter-prvata-slavna-lichnost-koja-pochinala-od-anoreksija-06.JPG

Неколку детали за нејзината битка со анорексијата:

Во средношколските денови, Карен, која беше висока 163 сантиметри, тежела околу 66 килограми.

И, во ера кога се славел екстремно слабиот изглед, честопати била мета на шеги поради својата тежина.

Впрочем, таа почнала да свири тапани бидејќи сметала дека може да се скрие зад нив кога е на сцена.

piela-90-laksativi-navecher-za-da-bide-slaba-tazhnata-smrt-na-karen-karpenter-prvata-slavna-lichnost-koja-pochinala-od-anoreksija-05.JPG

Со лекарски надзор, Карен почнала да држи строга диета со која ослабела до 54 килограми.

Пејачката ја одржувала својата тежина и главно била задоволна од својот изглед, сè до 1973 година.

Дотогаш веќе се прославила со својот бенд и честопати била мета на папараците.

И, кога видела своја фотографија во медиумите, помислила дека изгледа премногу дебело.

piela-90-laksativi-navecher-za-da-bide-slaba-tazhnata-smrt-na-karen-karpenter-prvata-slavna-lichnost-koja-pochinala-od-anoreksija-04.JPG

Карен имала личен тренер и сметала дека поради вежбите што ја терал да ги прави, станала премногу мускулеста.

Па, го отпуштила тренерот и си направила свој план за слабеење со опсесивно броење калории и интензивни кардио вежби.

За помалку од две години, Карен стигнала до 41 килограм.

Притоа, почнала да пие и по 90 лаксативи навечер за да ја одржува килажата.

Пиела и лекови за проблеми со тироидната жлезда бидејќи го забрзувале метаболизмот.

piela-90-laksativi-navecher-za-da-bide-slaba-tazhnata-smrt-na-karen-karpenter-prvata-slavna-lichnost-koja-pochinala-od-anoreksija-13.JPG

Со текот на времето, нејзините методи за слабеење станувале сè поекстремни и пејачката развила анорексија.

Семејството, но и фановите на Карен веќе сериозно се загрижиле за неа, па блиските успеале да ја убедат да побара медицинска помош.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Познати личности од Македонија и светот што ги изгубивме во 2024-та Шенон Доерти ја изгуби битката со ракот, додека Лиам Пејн трагично загина на сам...
Зависности, брак од 6 дена: Проклетството што ги следи актерите од „Сам дома“ Актерот што го глуми Баз, брат му на Кевин, беше обвинет за семејно насилство, н...
Сопругот на Серена Вилијамс емотивен по операцијата за рак на тироида: „Мажи, одете на преглед, особ... „Мајка ми имаше рак на дојка кога беше на моја возраст, а потоа почина од рак на...
Меган Фокс флертува со Микеле Мороне од „365 Days“, по раскинувањето: „Сигурна е дека Машин Ган Кели... По разделбата со Машин Ган Кели, фановите почнаа да ја поврзуваат Меган Фокс со ...
Чека дете со 27-годишна девојка, ја изневерувал Моника Белучи – Скандалозниот љубовен живот на Винсе... На 57-годишна возраст, Винсент Касел го очекува неговото четврто дете, и тоа со ...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg