Познати личности од Македонија и светот што ги изгубивме во 2024-та
- Детали
- сабота, 21 декември 2024
Шенон Доерти ја изгуби битката со ракот, додека Лиам Пејн трагично загина на само 31 година.
Во 2024-та се случија бројни убави работи.
Но, годината ќе остане запаметена и по неколку трагедии, вклучувајќи ја смртта на познати личности кои оставиле голем белег во својата област.
Познати личности од Македонија и светот кои нè напуштија во 2024-та:
Мирко Петровски – 6-ти март
Македонскиот фитнес тренер и шампион во бодибилдинг ненадејно почина на 6-ти март, на само 47-годишна возраст.
Мирко покрај тоа што имаше своја теретана, беше личен тренер, но и пријател на бројни јавни личности кај нас.
Атина Апостолова – 7-ми март
Атина, која е доајен на македонската фолк музика, почина на 77-годишна возраст.
Ќе остане запомнета по моќниот глас, но и многуте хитови.
О. Џ. Симпсон – 10-ти април
Американскиот рагбист, кој стана познат и по „судењето на векот“ за две убиства, почина на 76-годишна возраст.
Тој имаше рак на простата и ѝ подлегна на болеста.
Велибор Џаровски Џаро – 25-ти април
Велибор Џаровски Џаро почина на 75-годишна возраст, кратко откако доживеа мозочен удар.
Тој важи за еден од најпознатите менаџери на просторите на поранешна Југославија и низ годините имаше организирано преку 5.000 концерти.
Мирко Попов - 24-ти март
Мирко Попов, кој беше еден од највлијателните и најуспешни скопски диџеи, музичари, композитори, текстописци, издавачи и продуценти, почина по кратко боледување на 51-годишна возраст.
Тој доживеал мозочен удар, по што беше хоспитализиран и по неколку дена почина.
Доналд Сатерленд – 20-ти јуни
Познатиот холивудски актер почина на 88-годишна возраст.
Поради ракот на простата и проблемите со белите дробови, кои беа и причина за неговата смрт, последните години од животот се држеше настрана од јавност.
Шели Дувал – 11-ти јули
Актерката најпозната по улогата во The Shining почина кратко по 75-тиот роденден од компликации од дијабетес.
Животот на актерката беше одбележан со бројни проблеми, особено со менталното здравје.
Шенон Доерти – 13-ти јули
Ѕвездата од Beverly Hills и Charmed му подлегна на ракот и почина на само 53-годишна возраст.
Шенон отворено зборуваше за битката со ракот на дојка, кој се прошири и на други делови од телото.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





