Љубовни врски на познатите кои завршија со трагедија

И 15 години по смртта на сопругата, Лиам Нисон одбива да има врска со друга жена…

ljubovni-vrski-na-poznatite-koi-zavrshija-so-tragedija-01.jpg

Некогаш љубовните приказни имаат тажен крај не поради раскинување, туку поради трагедија.

Секако, смртта е нешто што нè очекува сите, но за луѓето секогаш е огромен шок кога ќе изгубат романтичен партнер додека е млад.

И во светот на славните има многу вакви случаи.

Дел од љубовните врски на познатите кои завршија трагично:

Патрик Свејзи и Лиса Ниеми

Лиса Ниеми го запознала Патрик Свејзи уште на 14-годишна возраст.

Веднаш се вљубиле, а стапија во брак во 1975 година.

Парот беше заедно сè до смртта на Патрик во 2009-та, кога почина од рак на панкреасот.

ljubovni-vrski-na-poznatite-koi-zavrshija-so-tragedija-02.JPG

Грејс Кели и принцот Рение Трети

Откако се запознале, принцот Рение цела година пробувал да ја освои Грејс Кели, иако и таа флертувала со него.

Се венча во 1956 година, по што Грејс Кели се откажа од актерската кариера и ja доби титулата принцезата од Монако.

Тие беа заедно до нејзината смрт во 1982 година.

Принцезата почина по сообраќајна несреќа, a принцот не се венча со друга жена.

Тој почина во 2005 година.

ljubovni-vrski-na-poznatite-koi-zavrshija-so-tragedija-03.JPG

Хит Леџер и Мишел Вилијамс

Хит Леџер и Мишел Вилијамс беа во врска три години, а се разделија многу кратко пред смртта на актерот.

Бидејќи имаа дете, голем дел од јавноста верува дека сигурно сакале да ѝ дадат уште една шанса на врската.

Дури и извори блиски до парот тврдеа дека раскинувањето не значело крај.

За жал, Хит Леџер почина во 2008 година, од предозирање.

ljubovni-vrski-na-poznatite-koi-zavrshija-so-tragedija-04.JPG

Пирс Броснан и Касандра Харис

Првата сопруг на Пирс Броснан е австралиската актерка Касандра Харис.

Тие беа во брак повеќе од една деценија, а заедно добија и дете.

Но, Касандра беше дијагностицирана со рак на дојка и почина во 1991 година.

Актерот чекаше цела деценија по трагичната смрт на сопругата за повторно да се венча

ljubovni-vrski-na-poznatite-koi-zavrshija-so-tragedija-05.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Славни личности кои добија вонбрачни деца во тајност (од афери) Додека да наполни 11 години, Лив Тајлер ни самата не знаела дека е ќерка на пеја...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...
Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg