Меган Фокс се породи - Доби ќерка со Машин Ган Кели, среде љубовните драми и неговите контакти со други жени
- Детали
- петок, 28 март 2025
Машин Ган Кели објави видео како со налакирани, излупени нокти ја гали новородената ќерќичка. Инаку, среде бременоста на Меган Фокс (38), парот се раздели поради тоа што зад нејзин грб контактирал со други жени.
Меган Фокс и нејзиниот партнер Машин Ган Кели го добија своето прво заедничко дете и покрај кризите во нивната љубовна врска.
34-годишниот рапер потврди дека добиле ќерка, споделувајќи црно-бело видео од прстињата на новороденчето.
„Таа конечно e тука! Нашето мало небесно семенце...“, напиша тој.
Кели откри дека пристигнувањето на ќеркичката било епско патување, но не го откри нејзиното име.
Меган Фокс има 3 деца од бракот со Брајан Остин Грин, па ова е нејзино четврто дете. За Машин Ган Кели ова е второ дете.
Меган и Машин Ган Кели се разделија во ноември кога таа наводно открила дека тој зборува со други жени зад нејзиниот грб.
Во тој месец беше и објавата дека таа е бремена. Тие се 5 години во љубов, но со разделби и драми.
Каков ќе биде нивниот однос по раѓањето на ќерката, останува да видиме...
Кликнете на видеото со кое Машин Ган Кели го најави пристигнувањето на ќеркичката:
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





