Меган Фокс флертува со Микеле Мороне од „365 Days“, по раскинувањето: „Сигурна е дека Машин Ган Кели ја изневери“
- Детали
- среда, 11 декември 2024
По разделбата со Машин Ган Кели откако соопшти бременост, фановите почнаа да ја поврзуваат Меган Фокс со заводникот Микеле Мороне од филмот 365 Days. Иако неговиот портпарол вели дека гласините за афера не се точни, фановите истакнуваат дека хемијата меѓу нив е повеќе од очигледна.
Само еден месец откако откри дека е бремена, Меган Фокс стави крај на врската со Машин Ган Кели.
Според извори блиски до актерката, меѓу бројните раскинувања на парот, ова се издвојува бидејќи наводно било последно.
38-годишната актерка му раскинала на 34-годишниот пејач кон крајот на ноември бидејќи веќе ѝ било „преку глава“ од неговото однесување, но и била сигурна дека ја изневерил.
„Меган стави крај. Повеќе не го трпи неговото однесување и начинот на којшто ја третираше.
Кога остана бремена, тој (Машин Ган Кели) мислеше дека таа ќе остане со него без разлика на сè, но тоа не беше точно.
За Меган, најважното нешто во моментот е нејзиното неродено бебе и нејзе не ѝ е проблем сама да се грижи за него.
Го има оставано Машин Ган Кели и претходно, но овој пат изгледа дека конечно е крај. Нејзините пријатели ја поддржуваат бидејќи изминативе неколку години го замразија“.
Друг извор вели дека нивната врска потсетувала на „средношколска драма“.
„Како тинејџерска, средношколска врска. Со недели, па и месеци сè е во ред, па потоа ќе почнат да се расправаат.
Ситуацијата се влоши околу Денот на благодарноста. Меган е сигурна дека ја изневерува или дека ја изневерил во минатото.
Го обвини дека се допишувал со неколку девојки и иако немал секс со нив, во нејзини очи сигурно имало емоционално неверство“.
Инаку, Меган е во шестиот месец од бременоста и се очекува да се породи околу март. Таа веќе има три деца од претходниот брак со Брајан Остин Грин.
А, се чини и брзо го преболела пејачот бидејќи јавност веќе ја поврзува со актерот Микеле Мороне кој се прослави со филмот 365 Days.
Меган и Микеле соработуваа на филот Subservience, а актерот сподели видео со колешката додека го снимаа филмот.
Во видеото споделено на Инстаграм Стори тие флертуваат и се смеат, додека во описот Микеле има напишано:
„Меган Фокс, неверојатна и убава душа“.
Фановите почнаа да се присетуваат на видеото по раскинувањето на Меган и некои почнаа да шпекулираат дека можеби се гледале и додека снимале.
А, некои велат дека можеби сега почнале врска бидејќи хемијата меѓу нив била повеќе од очигледна.
Сепак, во меѓувреме се огласи портпаролот на Микеле кој вели дека тие сепак немале афера:
„Тие снимаа филм заедно, а Микеле моментално е во Италија каде што работи на друг проект“.
Претходно, Микеле го поврзуваа со Клои Кардашијан.
Спирова С. | Црнобело